Јавна презентација и дебата: Човековите права и јавните служби

Печати
Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Македонија заедно со Центарот за истражување во јавната администрација, при Универзитетот на Југо-Источна Европа - Тетово, организираа Јавна Презентација на тема: „Човековите права и јавните служби”. Презентацијата се одржа од 10-11 Јуни 2005 год. во просториите на Клубот на Пратеници, Скопје. Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Македонија заедно со Центарот за истражување во јавната администрација, при Универзитетот на Југо-Источна Европа - Тетово, организираа Јавна Презентација на тема: „Човековите права и јавните служби”. Презентацијата се одржа од 10-11 Јуни 2005 год. во просториите на Клубот на Пратеници, Скопје.

Почетен поздравен говер имаше г-динот Штефан Денерт, претставник на ФЕС, кој ја искористи можноста да ги поздрави присутните, потенцирајќи ја притоа важноста за почитувањето на човековите права, особено од страна на идните вработени во јавната администрација. Г-динот Азири и г-динот Малиќи, претставници на ЈИЕ Универзитетот и воедно и професори на факултетот за Јавна администрација, го искажаа своето лично задоволство за организирање на еден ваков проект, особено надвор од границите на Универзитетот. Дадената можност на студентите да ги претстават своите истражувања од сферата на човековите права, нивната класификација и имплементација од страна на различни странски и домашни институции, како и почитувањето и заштитата на човековите права во Р. Македонија е огромен придонес за студентите кои студираат јавна администрација. Јавна презентација на својата истражувачка работа пред своите колеги беше голем предизвик, но и привилегија на студентите.

Во првиот Панел од Презентацијата беа елаборирани почетоците, историјата на концептот за човековите права, како права, нивните извори, инструменти и процедури на заштита. Фокусот беше ставен на меѓународните правни извори и како се тие регулирани од страна на Обединетите Нации, Советот на Европа, ОБСЕ, Европската Унија и Европскиот суд за човекови права. Наредните панели беа повеќе ориентирани кон заштитата на човековите права во Р. Македонија, улогата на Народниот Правобранител - Омбуцманот, Парламентарните групи, и сето тоа испреплетено со апликативни примери за почитување или непочитување на основните човекови права на локално ниво т.е. во нивните средини. Присутноста на многу загрозувачки фактори (политички, економски, социјални, криминалот итн.) човековите права како демократска вредност имаат големо значење од практичен општествен карактер за зачувување на истите особено од вработените во јавната администрација и во јавните служби.

Студентите ги претставија своите истражување многу детално и професионално, како и модераторите кои преку доброто претставување на секоја од темите беа доволно провокативни за да произлезе навистина плодна и интересна дебата.

Настанот беше атрактивен особено за албанските медиуми, кои дадоа кратки извештаи на МТВ албанската редакција, ТВ Ера и Радио Вати. По завршувањето на оваа активност се подготви едночасовна емисија која се дистрибуираше до сите албански медиуми во РМ. Извештај за овој настан исто така имаше и во студенскиот весник на Универзитетот на ЈИЕ „Евро идеја”.


Јавна презентација и дебата: Човековите права и јавните служби

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

10 Јуни 2005 (Петок)


10.00 - 10.15

•  Отворање на семинарот,
     г - н Штефан Денерт, Директор на Фондација „Фридрих      Еберт”

•  Поздравен говор,
     Др. Проф Етем Азири, Декан на Центарот за истражување      во јавната администрација - Универзитет ЈИЕ - Тетово

•  Воведен збор за Проектот,
     Др. Назми Малиќи, Директор на Центарот за истражување      во  Јавна Администрација - Универзитет ЈИЕ во Тетово.


10.15 - 11.30 (Прв дел)

Модератори: Evisa Kica, Vahide Ziberi и Fidan Jusufi

Презентации на теми:
•  Поим, еволуација и видови (класификација) на човековите     права
•  Меѓународни правни извори на гаранции на човековите права     и на инструменти и процедури за нивната заштита
•  Изворите на гаранции на човековите права и институциите и     процедурите за нивната заштита во Обединетите Нации;
•  Изворите на гаранции на човековите права и институциите и     процедурите за нивната заштита во Системот на Советотот на     Европа;
•  Човековите права во системот на ОБСЕ
•  Европската Унија и човековите права;
•  Процедура за заштита на човековите права пред Европскиот     Суд за човекови права

11.30 - 12.30 Дискусија

12.30 - 13.30 Пауза

13.30 - 14.30 (Втор дел)

Модератори:
Ramazan Shaqiri, Yllka Salihu and Melihate Jusufi

Презентации на теми:
•  Извори и гаранции на човековите права и институции и     процедури за нивна заштита во Република македонија
•  Јавна администрациа и човековите права
•  Улога на Народниот правобранител - омбуцманот
•  Улога на парламентарните комисии во заштита на човековите     права
•  Универзални човекови права составен дел на систем на     вредности во јавни служби и во јавна администрација

14.00 - 14.30 Дискусија


11 јуни 2005 (Сабота)


10.00 - 13.30 ( Трет Дел)

Модератори: Amet Ibrahimi, Imerlije Salihu, Florent Jashari и Behare Qerimi

Презентации на теми:
•  Непосредна демократија и човековите права во ситемот на     локална самоуправа
•  Улога на јавните служби во заштита на човековите права
•  Права на граѓаните во работниот однос во контекст на     човековите права
•  Вон-институционални форми за унапредување на човековите     права
•  Непочитување на човековите права (примери)
•  Право на слободно гласање како право од корпусот на     човековите права

11.30 - 12.30 Дискусија

12.30 - 13.00 Пауза

13.00 - 14.30 Завршни заклучоци