istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home АКТИВНОСТИ 2010-2005 Серија работилници: Правна едукација на жени од различни етнички групи во руралните средини

Серија работилници: Правна едукација на жени од различни етнички групи во руралните средини

Е-пошта Печати PDF
Последната работилница од проектот „Правна едукација на жените” беше одржана во селото Драслајца, Струшко, на крајот на август 2005 година. Овој проект беше изведен во соработка помеѓу Фридрих-Еберт-Штифтунг и „Организација на Жени” од Струга (ОЖ-Струга), а по иницијатива на ОЖ-Струга.

Проектот „Правна едукација на жените” беше составен од четири дво-дневни работилници, каде што жените од селата: Враниште, Октиси, Боровец и Драслајца, добија информации од неколку различни правни области, како на пример: Семејно и брачно право, Кривична постапка, Закон за труд, Имотно и наследно право, Закон за здравствена заштита, и Семејно насилство. За време на сите работилници учесничките активно ги следеа објаснувањата на законите и правата и со своите прашања покажаа дека нивниот интерес и потреба за ваков вид информации е голем.



Највеќе интерес покажаа за имотното и наследно право. Изгледаше дека голем дел од учесничките не знае дека законот за наследување еднакво ги третира и женските и машките наследници, односно дека нивното право на наследување на имотот на родителите е еднакво со правото на нивните браќа. Но, без оглед дали имаат еднакви права за наследување, голем дел од нив изјавија дека се откажале, или би се откажале од наследството во корист на нивните браќа. Ваквите ставови се должат на традицијата, која налага единствените наследници на сите материјални добра да бидат машките потомци, како продолжувачи на фамилијата. Ова е карактеристично не само за руралните делови во струшко, туку и во поголемиот дел од Македонија.



Следно изненадување предизвика законот за развод на брак, особено правото да се побара 50% од имотот стекнат во брак при делбата на имот, без оглед дали жената била вработена или не, или пак заработувала помалку од сопругот. Исто така правото жената да побара и добие издршка по разводот претставуваше новина за учесничките.

Осетлива тема за дискусија беше семејното насилство. Учесничките добро ја разбраа темата, и беа во состојба да препознаат повеќе видови на семејно насилство. Од нивните реакции можеше да се забележи дека вербалното и економското насилство е честа појава во средината каде што живеат.

Законот за труд и правата од работниот однос беа накусо објаснети, иако повеќето од учесничките се невработени. Дискусиите на учесничките покажуваа дека постои силен интерес за вработување, а ова беше особено истакнато од помладите и пообразуваните учеснички.



По секоја работилница имаше кратка евалуација. Учесничките ја изразуваа својата благодарност и задоволство од стекнатите информации, но и истакнуваа дека постои потреба за бесплатни правни совети. Едно од решенијата за бесплатни правни совети даде Организацијата на Жени – Струга. Но, проблем е тоа што и нив им недостасуваат средства за канцеларија која ќе биде отворена неколку часа неделно и на овој начин достапна до оние кои имаат потреба за правни совети.

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag