istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home АКТИВНОСТИ 2010-2005 Публикацијата на тема работни односи во соработка со Европскиот Институт за Синдикати од Брисел

Публикацијата на тема работни односи во соработка со Европскиот Институт за Синдикати од Брисел

Е-пошта Печати PDF
Во Ноември 2005, Фондација Фридрих Еберт ја објави и промовираше публикацијата на тема работни односи во соработка со Европскиот Институт за Синдикати од Брисел (www.etuc.org/etui) кој ја даде својата согласност за да се објават извадоци од три нивни скорешни анализи на тема на флексибилно работно време и разрешувањето на работните спорови во земјите на ЕУ и некои од земјите кандидати.

Оваа публикација се состои од три различни анализи за Европските директиви кои се елаборирани од страна на Европскиот Институт за Синдикати. Сепак тие досега не беа достапни на македонски јазик. Во 2004, на конференцијата за работни судови, која беше организирана од страна на Фондација Фридрих Еберт во соработка со ССМ, беа дискутирани повеќе теми како оние претставени во оваа публикација. Во понатамошните дискусии за публикувањето на наодите од конференцијата, се сложивме на комплилација од текстови, кои обработуваат некои од поголемите прашања поврзани со работните односи и нивната правна основа која постои во ЕУ.

Така, ги претставуваме текстовите за решавање на работни спорови, како и анализите за директивите за работа на полно и определено време. Сите три текста обработуваат мерки кои Европската Комисија ги презема за заштита на вработените, да избегне дискриминација или да ја одржи компетитивноста меѓу земјите членки на ЕУ фер и еднаква.

Студијата за решавање на работните спорови дава преглед на различни модели на решавање на работните спорови, нивното водење, а особено нивното решавање од страна на судовите за работни односи во различни земји на Западна Европа, како и во земјите на Јужна Европа. Компаративниот преглед на директивата / договорот помеѓу земјите членки на Европската унија и земјите кандидати за прием, покажува на кој начин се имплементирани главните прашања на договорот - безбедносните и здравствените, работните услови, конкуренцијата, законското влијание, де фацто состојбата, интеграцијата на синдикалните унии во процесот на имплементацијата, а исто така и заштитата на вработените. Исто така е дадена анализа на директивата за работа на определено време.

Со публикувањето на оваа анализа, фондацијата Фридрих Еберт во Скопје се надева дека ќе им послужи на сите заинтересирани страни кои се занимаваат со правата на трудот и на работните односи и кои се обидуваат да го определат најсоодветниот начин за водење на неопходните реформи во оваа област во Македонија. Реформите кои не се претставени само да ги исполнат критериумите дефинирани со стратегијата за пристапување кон Европската унија, туку, што е уште поважно, да придонесат за развојот кој ги зема предвид интересите и потребите на сите страни претставени во земјата, особено најранливите.

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag