istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home АКТИВНОСТИ 2011 IV Политички форум на Социјалдемократските партии од Југоисточна Европа Социјалдемократи во регионална соработка: “Справувањето на социјалдемократите во Југоисточна Европа со економската криза, во време на продолжена неизвесност

IV Политички форум на Социјалдемократските партии од Југоисточна Европа Социјалдемократи во регионална соработка: “Справувањето на социјалдемократите во Југоисточна Европа со економската криза, во време на продолжена неизвесност

Е-пошта Печати PDF

 

_DSC00629

Фридрих Еберт Фондацијата, канцеларија Македонија во соработка со Нацоналниот демократски институт за надворешни работи, Олоф Палм меѓународениот центар и Прогрес институтот – Скопје го организираа 4-от Политички форум на Социјалдемократските партии од Југоисточна Европа од 28 до 30 Јануари во Скопје, Македонија. На конференцијата учествуваа учесници и предавачи кои пристигнаа од 12 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Шведска, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Романија и Македонија.

Три области беа во фокус на конференцијата, односно – анализа на партиските политичко-развојни структури и процеси, се потенцираше политиката во областа на индустријата и економијата и се разгледаа најновите трендови во работата на политичките академии или центри за обука.

  • Структура и процес на развојна политика – Улогата на истражување и развој на јавни политики за подобрување на изборните резултати: квалитетна политичка програма може да направи разлика

 

Претставничката на Лабуристичката партија во Велика Британија, Ангела Вилкинс зборуваше за процесот на развој на политики во Лабуристичката партија на Велика Британија и ја презентираше партиската политичка програма за здравствена заштита како добар пример за квалитетен производ.

 

Таа истакна дека на Лабуристичката партија на Велика Британија е основана 1900-та година преку соединување на синдикатите, социјалдемократски организации и социјални здруженија. Во поголемиот дел од својата историја партиските програми биле донесувани речиси целосно на конференции, односно големи собири на партиски членови, внатрешни групации и службеници кои имале овластување да гласаат за партиските одлуки.


_DSC00658До 80-тите овој процес станал воинствен и хаотичен. Политичките предлози кои произлегуваат од различни нивоа на партијата, и од засегнатите страни се бореле да доминираат во процесот. Антагонистичката природа на овој процес значело дека многу луѓе останале изоставени, а политиките кои биле произведени не секогаш биле прифатливи за пошироката публика.

Под водство на Тони Блер во 1997-та година, Лабуристичката партија прифатила систем наречен Партнерство во власта (ПВВ) кој настојувал да го реформира процесот и да создаде неколку клучни институции за креирање на политики. Овој систем на тие институции филтрира и управува со предлозите пред конференцијата да биде одржана и и дава на партијата поголема флексибилност при донесување на политичките одлуки надвор од конференцијата.

Основната намера на ПВВ е да ги подобри претходните процеси и да произведе политики кои би можеле да ја направат партијата поконкурентна во изборната трка. Со оглед на големите изборни победи во 2001-та и 2005-та година, подржувачите на ПВВ велат дека победата е поради користењето на овој метод. Сепак постои и значајна дебата во партијата дали за тоа ПВВ е доволно инклузивна. Понатаму се јавуваат некои модификации на процесот, кои го зголемуваат влијанието на одредени чинители, но сепак процесот останува спорен. Консултации на ниво на целата партија и преглед на ПВВ започнува во 2010-та, а резултатите се очекува да се објават на конференцијата на есен 2011-та година.

Во статутот на Лабуристичката партија јасно се дефинирани институциите за креирање на политиките, меѓутоа не е и самиот процес. Ова дозволува одредена доза на флексибилност, ревизија и преглед на имплементирањето на ПВВ.

  • Студијата на случај на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, изборниот успех на партијата го поврзува со партиципавниот процес на развој на политики

_DSC00604Претставникот на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, и членот на претседателството на партијата, Немина Узуновиќ Заимовиќ ги наведе последните измени на СДП на БиХ процесот на развој на политики. Партијата го започна процесот на развивање на инклузивни локални партиски политики во неколку општини во БиХ во 2007-та година. По добрите изборни резултати во општините кои го имплементираа овој политички процес, партијата го започнува процесот на инклузивно креирање на политиките на пошироко-државно ниво. Раководството на СДП се убедени дека резултатите од изборите односно удвојувањето на добиените гласови во 2010-та година е резултат на процесот на развој на политики која била спроведена низ целата земја во текот на 2009-та и 2010-та година. Узуновиќ Заимовиќ ги наведе и 5-тте приоритетни политики кои беа презентирани како партиската изборна платформа во текот на изборите во 2010-та.

 

  • Индустриски и економски политики – справување со економска криза
  • Финансиската, економската и социјалната криза која започна во 2008-та година од која светот и Југоисточна Европа сеуште не се излезени, постави голем број на прашања поврзани со соодветна и навремена политика како одговор на кризата. Во неколку сесии беа анализирани социјалните ефекти и системот на социјална заштита како и јавните служби во контекст на економската криза и високата невработеност. Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ ја анализираше финансиската ситуација во Република Македонија и специфичните околности фокусирајќи се на грешките кои ги прави актуелната власт при носење на одлуките во финансискиот сектор.

Милан Живковиќ, Извршен директор на Фондацијата “Ново Друштво”, воедно и од Социјалдемократската партија од Хрватска, зборуваше за економската криза во Хрватска. Во оваа сесија се анализираа причините за кризата од перспективата на Хрватска и нагласи, зошто индустриската политика на социјалдемократските партии треба да биде приоритет во наредниот период. 

 

_DSC00590Живковиќ забележа дека СДП на Хрватска го следела примерот на Лабуристичката партија на Велика Британија односно на развојот на партиската политика структурата и процесот. Се идентификуваа приоритетните прашања на партиската политика кои истотака беа вреднувани според нивната важност за граѓаните. Тој нагласи дека економската индустриската и социјалната политика се првите прашања од интерес за избирачите на СДП на Хрватска. Живковиќ го презентираше социјалдемократскиот пристап во врска со имплементацијата и влијанието на владата на пазарот. Ако ја земеме Македонија како пример, во која има традиционално развиено земјоделство, тој нагласува дека нејзината влада треба да развие специфични политики кои се однесуваат на прашањата поврзани со оваа специфична област. Балканските земји имаат многу повисока стапка на увоз од извоз, па таа нерамнотежа се одразува на буџетот и има влијание на надворешната трговија и нивото на дефицит. Американската влада одлучи да инвестира 2% од својот БДП за да осигура поголем развој на неколку специфични сектори. Обама ги убедуваше политичките противници со објаснувањето колку работни места се изгубени, па така избраа сектор на врати и прозорци кои се енергетско ефикасни, со што им помогнаа на компаниите од овој сектор и успеаа да го зголемат бројот на нови вработувања. Ваква индустриска политика помогна за понатамошен развој на оваа индустрија. Ние треба да водиме сметка за сопствените ресурси со цел да се обнови производството и ние треба да ги промени макроекономските политики, индустриските политики треба да се приоритет на социјалдемократите во иднина. Социјалдемократите треба не само да се залагаат за социјалните вредности, но истотака да се залагаат за развој на специфични индустриски области. Најважно е да се обезбедат работни места и одржување на економските а не финансиските структури. 

 

  • Капацитети за обука и трансфер на знаење

Крајната сесија на конференцијата се фокусираше на Социјалдемократска внатрешна партиска мрежа на Југоисточна Европа односно нејзините капацитети за обука и трансфер на знаење и вештини. Ана Сегедински од Лигата на Социјалдемократи на Војводина и Тања Томиќ од Прогрес Институтот за Социјална Демократија ги презентираа нивните соодветни политички академии и центри за обука, а групата ги дискутираше иновативните активности и имплементирањето на програмите од минатата средба во Загреб во 2009-та година. Презентерите се осврнаа на организацискиот структурен развој, промените и дополнувањето на програмата за обука со посебен акцент на полот и младите како посебна компонента во оваа програма, истотака ја истакнаа разликата во пристапот на политичкото образувание помеѓу институциите кои се политички различно ориентирани. Томиќ стави акцент на пристап на пошироко учество и прогама на тренинзи заснована на размена на регионални искуства и експертиза на ЈИЕ посветени на политичкото образование. Заклучокот останува дека постои голема потреба да се продолжи со размена на искуствата помеѓу институции кои се посветени на социјалдемократско политичко образование, истакнувајќи ја важноста на билатералните и регионалните средби како и други начини на соработка.

 


 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag