Јавна дебата “Обновливи извори на енергија и локален економски развој”

Печати
IMG_4221

Во рамките на својата заедничка соработка Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје, Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институт за социјална демократија организираа на 17 ноември 2011 година јавна дебата на тема: “Обновливи извори на енергија и локален економски развој” во Хотелот “Кристал Палас” во Прилеп.

Дваесет и првиот век досега се развива како време на технолошка модернизација и индустриска иновативност. Тоа најдобро се гледа во развојот и користењето на енергија од обновливи извори, како на пример сонце, ветар или био-маса. Од друга страна, локалниот економски развој во голема мера зависи од достапната енергија. Неодминливо се наметнува прашањето како можат обновливите извори на енергија да се стават во функција на локалниот економски развој? Ја организиравме оваа јавната дебата за да понудиме одговори релевантни за Прилеп и Пелагонискиот регион.

На дебатата свое воведно обраќање имаа: Ралф Бергман – Германски пратеник од покраината Саксонија-Анхалт, како специјален гостин од Германија и експерт во оваа област, Хари Локвенец – предавач на Универзитетот Американ Колеџ - Скопје кој беше и модератор на дебатата, Сашо Додовски – претседател на Прогрес Институтот,  д-р Љупчо Печијарески – професор на Економски Факултет при Универзитет Св.“Климент Охридски” Битола, Борче Чупетрески -бизнисмен и претприемач во областа на обновливи извори на енергија и Сашо Велески – машински инжинер.


Симнете го извештајот од средбата на МК тука