Четврта политичка академија за социјална демократија 2011

Печати

P1110167Почнувајќи од 2008 година Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, во соработка со своите партнери Прогрес Институтот и Олоф Палме меѓународниот центар ја организираат Политичката академија за социјална демократија. Политичката академија е образовен проект кој е дизајниран како академски курс и тренинг. Основната цел на Академијата е да образува и тренира индивидуи со социјалдемократска ориентација, кои во своите секојдневни активности ќе ги обликуваат политичките одлуки и акции во Македонија. Како и претходните година, Политичката академија овозможи подеднакво теоретско знаење и развој на практични вештини во областите на политичкиот систем, социјалдемократската идеологија и вредности, политичкиот и партискиот маркетинг, политичките комуникации и односите со јавноста.

Потребата за академско политичко образование на социјалдемократски донесувачи на одлуки

За време на транзициониот период откако Македонија се здоби својата државна независност и воспостави политчки плурализам и пазарна економија, беа создадени и бројни политички партии кои се надеваат да влезат во Парламентот и особено во владините структури, каде нивните претствници ќе можат да влијаат и да ја обликуваат секојднавната политика.

Цели на Академијата

22102011172

Основна цел на Академијата е да им понуди на активните млади луѓе и идни социјалдемократски ориентирани политичари опширно (сеопфатно) политичко образование за социјалдемократската идеологија и вредности, политичкиот систем на Македонија и ЕУ, организација на партиите и нивниот менаџмент, ефикасни социјалдемократски политики во економијата, социјалната грижа и благосостојба, меѓуетничките односи и интеграции се со цел да промовира демократско и отворено општество за еднакви можности на сите граѓани. Образованието понудено на Академијата поставува и сет на одредени цели:
академските курсеви се дизајнирани да овозможат теоретско знаење и практични вештини во три главни области: социјалдемократската идеологија и вредности, политичкиот систем на Македонија и ЕУ, политички менаџмент и партиско работење, односи со јавноста и политчка комуникација, организација на дебати на тековни актуелно-политички теми и предизвици на Македонија и нејзините граѓани, меѓутоа ќе се обиде да понуди и социјалдемократски одговор и решение на истите се со цел задоволување на потребите и решение на проблемите на граѓаните на земјава

Академијата ќе обезбеди и печатени и електронски материјали, публикации и анализи за горе наведените теми

Академијата ќе спроведе интерна и екстерна евалуација и по завршување на курсот ќе го валоризира знаењето на учесниците.


Содржина на Академијата

Како што повеќепати напоменавме, Академијата е составена од три основни образовни модула:

1. Политички систем и социјалдемократска идеологија и политики

2. Политички менаџмент и избори

3. Политичка комуникација и односи со јавноста


Struga_5_Seminar_054Вообичаено еден академски циклус на академијата би требало да трае еден семестар (4 месеци), меѓутоа поради најавените превремени Парламентарни избори имплементацијата на активностите се пролонгира за втората половина од годината. Циклусот е составен од пет тродневни викенд семинари (првиот одржан во април, а потоа еднаш месечно од септември-декември 2011 година). Секој семинар обработува содржини од 3 горе наведени модула (предавања и вежби) и дебати на тековни актуелни политички прашања. Овогодинешната програма се надополни со дополнителни тематски содржини, меѓутоа не се направија значителни концепциски промени во модулите. Имено, оваа година вклучивме и предавања за: улогата на синдикатите, значението на надворешна политика, и особено големо внимание посветивме на мултикултуралисмот преку работилници за прифаќање и разбирање на различностите. И нашата академија ги оддбележа 2 големи јубилеа за РМ и тоа 10 годишнината од Охридскиот рамковен договор и 20 годишницата од конститутивноста на Македонија.

 

Предавачи, гости и панелисти кои учествуваа во четвртата Политичка академија беа следниве странски и домашни експерт, политичари и професионалци во различни области (по редослед на појавување во Академијата):

Тања Томиќ, извршен директор на Прогрес Институтот, Скопје

Левенд Буџаку, претставник на Олоф Палме меѓународниот центар

Нена Трајковска, раководител на проекти при Фондацијата Фридрих Еберт, Македонија

Александар Спасов, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје – Правен факултет

Владимир Караев, Рубикон – Скопје

Филип Бабамов, Рубикон – Скопје

Лидија Димова, извршен директор на Македонски центар за европско образование

Алберт Хани, Тренинг центар за менаџирање на конфликти

Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар, Скопје

Горан Величковски, новинар

Каролина Ристова Астеруд, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје – Правен факултет

Магдалена Стрејферт, поранешна пратеничка во Европскиот Парламент од Шведска

Ненад Марковиќ, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје – Политички науки

Милан Живковиќ, директор на Политичката академија на “Ново друштво” Загреб, Хрватска

Радмила Шекеринска, пратеник и претседавач на Националниот совет за европски интеграции при Собранието на РМ

Дане Талески, докторант на политички науки на Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта и извршен директор на Прогрес Институтот

Славица Грковска, поранешна пратеничка

Петар Атанасов, Институт за социолошко, правно-политички истражувања, Скопје

Јоханес Јунг, поранешен пратеник во Германскиот Бундестаг и постар советник во Roland Berger Strategy Consultants GmbH

Зоран Заев, градоначалник на Струмица

Ризван Сулејмани, поранешен министер за локална самоуправа

Мартијн Бекерс, експерт за односи со јавноста, Фондација „Алфред Мозер“, Холандија

Драган Тевдовски, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје – Економски факултет

Наташа Ристиќ, Центар за модерни вештини, Белград

Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија

Васко Попетревски, новинар

Константин Петковски, Универзитет “Св. Климент Охридски” Битола

Мерсел Биљали, политички аналитичар

Ѓорѓи Спасов, професор по политички науки

Бојан Кордалов, екперт за нови медиуми

Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ

Љупчо Печијарески, Универзитет “Св. Климент Охридски” Битола, Економски факултет Прилеп

Љубомир Фрчкоски, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје – Правен факултет

Иван Стефановски, поранешен координатор на Алумни од Политичките академии 2008 и 2009

Весна Попоска, координаторка на ПА Алумни од 2010 година

Стево Пендаровски, Универзитет Американ Колеџ, Скопје и поранешен советник за надворешна политика на Претседателот на РМ

Бесим Небиу, екперт за интеркултурно разбирање

Петар Арсовски, експер за медиуми

Билјана Секуловска, новинар

Јасна Бачовска, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје – Правен факултет

 

Ohrid_19_Noemvri_049Како и во претходните години, и овој пат учесници на политичката академија се млади активни индивидуи (не е неопходно да се политичари) кои (ќе) ја обликуваат или имаат влијание врз креирањето и донесување политичките одлуки и акции во Република Македонија. Учесниците ја поддржуваат и промовираат социјадемократската политичка ориентација, социјадемократските вредности и политики. Базички теоретски пред-знаења од политичките и социјалните науки се неопходни. Основен критериум при селекција на учесниците беа нивните академските достигнувања (вклучувајќи дополнително неформалното образование, работното искуство и пракса). Рамномерна застапеност на обата пола, етничко, религиозна и регионална разновидност е почитувана во целост.

 

На крај би сакале да ја изразиме нашата одлична соработка со Олоф Палме меѓународниот центар од Шведска и Фондацијата Алфред Мозер од Холандија.