Материјална депривација, сиромаштија и социјална исклученост во Република Македонија

Печати

 

pokana2

Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот за Социјална Работа и Социјална Политика при Филозофскиот Факултет организираат промоција на студијата:

Материјална Депривација, Сиромаштија и Социјална Исклученост Во Република Македонија

Промоцијата ќе се одржи во просториите на Салата за седници на Филозофски Факултет, на 14. 06. 2012 година во 10:00 часот.

Истражувањето е направено од Брима Галуп во текот на 2011 година, а анализата на резултатите ја направи д-р Маја Геровска Митев. Промотори на студијата се д-р Хајнц Бонгарц од Фондација Фридрих Еберт и проф. д-р Мариа Доневска од Институтот за Социјална Работа и Социјална Политика при Филозофскиот Факултет.

Се надеваме дека оваа студија ќе го предизвика вашиот интерес и ќе ни се придружите заеднички да ги продискутираме резултатите, можните последици а секако и споделите идеи за справување со сиромаштијата во Република Македонија.

Download PDF here
Превземи ПДФ овде