Тренинг симулација “Политика и преговарање – како да се справиш со интересите и компромисите во политиката”

Печати

Имајќи ги во предвид претстојните локални избори во 2013 година, како и постојаната потреба од развој и зајакнување на политичката култура и дијалог, претставништвата на германските фондации Фридрих Еберт и Конрад Аденауер во Република Македонија  во соработка со Институтот за меѓународно образование CIVIC по втор пат ја организираа тренинг симулацијата Политика и преговарање – како да се справиш со интересите и компромисите во политиката” во Хотел Алпина во Маврово, во период од 22-25 јуни 2012 година.

IMG 4555 

Оваа тренинг симулација е инспирирана од типична политичка ситуација во Европа каде различни интересни групи се натпреваруваат во остварување на поголемо влијание врз политиката и нејзините актери. Наместо поддржување на политичко ривалство и антагонизам се обидува да промовира стратегии на дијалог и можни начини за изнаоѓање политички компромис со цел разрешување на политички проблеми. Целта е учесниците да ја согледаат неопходноста од политички компромис во реалниот живот и преку симулација на преговарање да успеваат да ги надградат сопствените политички вештини и донесување на одлуки.

097 IMG 4391

IMG 4454

Како симулацијата би била и реален одраз на политичката ситуација во Република Македонија учество земаа претставници на политичките подмладоци на 10 политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, НСДП, НДП, ЛДП, ВМРО-НП, ДОМ И ЛП.

Во рамките на програмата организиравме и дискусија помеѓу пратеници од Собранието на РМ, претставници од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на тема „Политичка култура и демократија во Република Македонија„, на која наши гости говорници/воведничари беа: Тања Томиќ - пратеник на СДСМ, Антонио Милошоски - пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери - пратеник на ДУИ и Беким Фазлиу пратеник на ДПА. 

Фондацијата Фридрих Еберт и во иднина ќе се стреми да организира активности со кои ќе ја зајакнуваме соработката и комуникацијата помеѓу политички активни млади луѓе.