istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home АКТИВНОСТИ 2012 Работна посета на Република Македонија на г. Ралф Бергман, пратеник од Покраинското Собрание на Саксонија-Анхалт, Германија

Работна посета на Република Македонија на г. Ралф Бергман, пратеник од Покраинското Собрание на Саксонија-Анхалт, Германија

Е-пошта Печати PDF

P1000206По покана на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје по петти пат во работна посета на Република Македонија од 9-15 септември 2012 година беше германскиот пратеник г-дин Ралф Бергман, кој е пратеник во Покраинското Собрание на Саксонија-Анхалт. Воедно тој е експерт и портпарол на фракционата група на СПД од областа на животна средина и искористување на обновливите извори на енергија, член на комисиите за траспорт и просторно планирање во рамките на споменатиот Парламент.

401139 421608901220109 690662007 n

Во рамките на својата посета, г. Бергман оствари средби со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање со кои постои можност за понатамошна стручна соработка, потоа се сретна со пратеници од Македонското собрание со кои во една од изминатите негови посети имавме организирано јавни расправи, оствари средба со Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и му беа презентирани проекти кои општината ги има имплементирано на полето на енергетската ефикасност, вклучувајќи ги и последните проекти – реконструкцијата на основните училишта. Пратеникот оствари и неколку средби со македоснки стопанственици со кои се разговараше околу можности за рамена на искуства со германски компании.

227833 421609021220097 2001979162 n

За време на својот престој, Фондацијата Фридрих Eберт, канцеларија Скопје во соработка со Институтот за социјална политика – Прогрес, со гостинот г.Бергман организираше две јавни дискусии на тема “Енергетска ефикасност и локален економски развој” во Велес и во Штип. На јавните дискусии покрај главниот гостин говорник, пратеникот Бергман кој се осврна на користење на обновливи извори на енергија на локално ниво: германски искуства, свое обракање имаа пратеникот Марјанчо Николов (во Велес) и пратеничката Маринела Тушева (во Штип) кои говореа за енергетската ситуација во Република Македонија.

DSC 9020

Дополнително на јавните дискусии својот придонес за можности за енергетска ефикасност и локален развој во општина Велес го сподели Аце Коцевски, поранешниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Велес и Здравко Коцев, кандидат за градоначалник на предстојните локанли избори 2013.

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag