istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home АКТИВНОСТИ 2012 Стручна дебата за унапредување на човековите права во Република Македонија “Примена на мерката притвор - македонска реалност и меѓународни стандарди”

Стручна дебата за унапредување на човековите права во Република Македонија “Примена на мерката притвор - македонска реалност и меѓународни стандарди”

Е-пошта Печати PDF

2012-03-03_11.10.16

Стручна дебата за унапредување на човековите права во Република Македонија “Примена на мерката притвор - македонска реалност и меѓународни стандарди”

Во рамките на својата заедничка соработка ПРОГРЕС Институтот за социјална демократија, Фондацијата Фридрих Еберт –Скопје и Меѓународниот центар Олоф Палме, на 3 март 2012 година во хотелот Континентал во Скопје, организираа стручна дебата за унапредување на човековите права во Република Македонија на тема “Примена на мерката притвор – македонска реалност и меѓународни стандарди”.

2012-03-03_11.10.34

На дебатата зедоа учество следниве воведничари панелисти: Маргарита Цаца-Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур и уставен судија во Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Златко Кнежевиќ, уставен судија во Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Филип Медарски- адвокат, Горан Калјџиев, Гордана Бужаровска и Ванчо Узунов- професори на Правниот факултет “Јустинија Први” во Скопје, и Александар Блажески, експерт.

Покрај панелистите свое активно учество земаа и еминентни експерти од науката и праксата кои ја коментираат домашната и меѓународната легислатива и судска пракса во однос на прашањето за мерката притвор кое прашање е исклучително значајно за изградбата и зацврстувањето на правната држава, и почитувањето и заштитата на човековите права и слободи.

 

Симнете го извештајот и заклучоците на МК тука

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag