istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home АКТИВНОСТИ 2013 7 јавни дебати и работилници "Жените во локалната политика: Постигнувања и предизвици"

7 јавни дебати и работилници "Жените во локалната политика: Постигнувања и предизвици"

Е-пошта Печати PDF

DSC00032

Во февруари 2013 година Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје во соработка со Македонското женско лоби, АНТИКО - граѓанската иницијатива на жени и Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) организираа 7 јавни дебати на тема "Жените во локалната политика: Постигнувања и предизвици "

Политичкото зајакнување на жените во Република Македонија се должи на ниското учество на жените во политиката и донесувањето одлуки во доцните 90-ти и на зголемените активности на разните организирани женски движења. Овој тип на организација на женското движење ги зближи жените во политиката со жените од  граѓанското општество со што се изврши голем притисок за утврдување на квоти.

Со воведувањето на законските квоти како механизам за родова еднаквост, политичките партии постигнаа доволен број на жени во Собранието и во локалните совети. Од нормативно-правен аспект, постоењето на политичкото делување и учеството на жените не е спорен, но фактичката состојба на последните локални избори укажува на потребата од повеќе механизми и алатки за да се подобри и да се зголеми учеството на жените во политиката и на високи позиции. Бројки на локалните избори во 2009 година покажуваат намалување на бројот на жените градоначалнички од 3 (4% во 2005) на 0 (0% во 2009 година), додека бројот на жени советници забележаа благ пораст од 3%; 315 ( 23% во 2005) и 377 (26,7% во 2009).

obuka-Haraqinovo-4

Јавните дебати отворија можност учесниците отворено да дискутираат за потребите, проблемите и приоритетите на жените на локално ниво, за локалните избори, родовите програми и планови на политичките партии, како и за тоа колку жените се вклучени  во процесот на составување на кандидатските листи на локално ниво, а особено во локалните структури на носителите на одлуки. Овој тип на локален ангажман помага на ставањето во погон на родовата машинерија и воспоставувањето на Комисиите за родова еднаквост кои имаат за цел подготовка на локалните акциони планови. Искуството од теренот укажува на потребата за покренување на прашањето за учеството на жените во локалната политика и ангажирање на жените од страна на локалните совети, политичките партии и невладините организации да зборуваат за идните потреби како и за напорите потребни за подготовка на програмите за родова еднаквост и создавање на ефективни политики и планови за дејствување на локално ниво.

Целта беше ставена на дневен ред и беа организирани 23 семинари на локално ниво во поголемите и помалите како и мултиетничките општини. Целта беше да се "релаксираат„ односите меѓу мажите и жените по настаните што се случија во Собранието.

На работилниците беше утврден начинот на работа на следните избори преку кандидатите, изборните програми и барањето начини за вклучување во локалните политики. Истовремено, правиме обиди да се надминат разликите што се појавија по неодамнешните настани.

DSC00027

Работилници беа организирани во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер, канцеларијата во Скопје , и со придонес на Македонското женско лоби, АНТИКО – граѓанската женска иницијатива, Националниот совет за родова еднаквост (СОЖМ) и локалните невладини организации преку финансирањето на координацијата, комуникацијата, анализата и организирањето на работилници. ФЕС Скопје поддржа јавни дебати одржани во Чашка, Јегуновце; Арачиново, Росоман, Скопје (Аеродром), Чешиново-Облешево и Могила.

photo 10Целта на овие семинари / дебати во почетокот беше да се постигне поголема свест за отсуството на жените во локалната политика и да се решат прашањата содржани во агендата на родовите политики и програмите на локално ниво. Беше констатирано дека жените се уште не се доволно информирани за демократските процеси, родовата компонента и можностите кои може да обезбедат поголемо вклучување во локалната политика и граѓанските иницијативи за подобрување на статусот на жените во општеството. Тие рекоа дека не биле информирани за работата на локалните комисии за еднакви можности, за постоењето на родово буџетирање. Беше истакната потребата од поблиска соработка со Комисиите за еднакви можности на локално и со Комисијата за еднакви можности во Собранието, како и соработката меѓу КЕМ со локалните невладини организации, но и  потребата за континуирана едукација на младите членови КМБ, како и на можните кандидати за советници. Континуирана едукација на жени советници и кандидатите за советници е потребнасо цел да се зголеми родовата сензитивност, да бидат информирани и едуцирани за родовата еднаквост и родовите програми. Учесниците беа едногласни за потребата од вклучување на родовата еднаквост и недискриминација во програми и акциони планови на политичките партии. Тие особено ја нагласија потребата да се едуцираат и да се поттикнат младите жени да влезат во политиката и да работат понапорно за да се надминат партиските и идеолошките бариери. Жените, без разлика дали тие доаѓаат од урбани или рурални области, не се доволно информирани за демократските процеси, и родовата компонента преку која може да се отворат можности за ангажирање во локалната политика, како и да се покренат граѓански иницијативи за подобрување на статусот на жените во општеството. Граѓанското општество направи мал чекор напред во признавањето на: потребата за организирана акција и притисок и организиран пристап до релевантните институции за покренување на прашањето за кандидирањето на жените во локалната политика; за подигање на свеста кај  учесниците за улогата и положбата на жените во политичката сцена во Македонија; зголемување на  мотивацијата за активно учество на жените во креирањето на родово-сензитивни политики; развивање на нови модели на делување, кои ќе ја зајакната улогата на жените во високите политички структури.


 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag