КОНФЕРЕНЦИЈА: “Евро-Атлантските интеграциски процеси и РМ – Корупцијата – пречка за Македоснките Евро-Атлантски интеграциски процеси“

Четврток, 17 Ноември 2005 00:00 FES
Печати

Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје во соработка со Центарот за истражување на јавната администрација, Правниот Факултет на ЈИЕ Универзитетот – Тетово и “Демократскиот Клуб” – Скопје, организираа конференција која беше одржана во просториите на ЈИЕ Универзитетот во Тетово.

. Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје во соработка со Центарот за истражување на јавната администрација, Правниот Факултет на ЈИЕ Универзитетот – Тетово и “Демократскиот Клуб” – Скопје, организираа конференција која беше одржана во просториите на ЈИЕ Универзитетот во Тетово.

Конференцијата целеше кон дебатирањето на феноменот на корупцијата засновано на неговото присуство во РМ. На корупцијата се гледа како на еден од главните фактори кои спречуваат економски и демократски развој и затоа сериозна борба против корупцијата е предуслов за пристапувањето кон ЕУ. Исто така испитувања покажуваат дека на корупцијата се гледа како голем проблем меѓу граѓаните на Македонија. Истражувачи и останати експерти ги презентираа своите погледи на проблемот и дојдоа до заклучоци и препораки.

Ректорот на ЈИЕ Универзитетот Г-дин Алјадин Абази во својот поздравен говор потсети дека прифаќањето на корупцијата како општествен проблем е позитивен знак дека РМ е подготвена да се бори против овој проблем.



Штефан Денерт, директор на ФЕС Скопје, во својот поздравен говор, нагласи: “… Корупцијата не е само проблем специфичен само за земјите на Третиот Свет или за транзиционите држави. Во Западна Европа, Јапонија и Русија, меѓу другите земји, обвинувања за корупција се исто така присутни. Важна разлика се распространетоста и шемите на корупција како и политичката волја и капацитетот за истражување и казнување на корупцијата. Покрај ова, различни варијации на корупција не се еднакво штетни. Корупцијата која ги намалува правилата на играта – пример, судскиот систем или имотни права, банкарство и кредит - го уништува економскиот и политичкиот развој. За споредба, мито во јавните установи е помалку штетно. Борбата со корупцијата започнува со подобри системи. Монополите мораат да се намалат или внимателно да се регулираат. Транспарентноста мора да се зголеми. Можноста за откривање мора да се зголеми, и казните за корупција (и за давачите и за примачите) мораат да пораснат. Треба да се имплементира долга листа на задачи – задача која не може да се заврши во краток рок, но неоходна за доброто на граѓаните и нивните идни перспективи.”

Очекувано, најзабележливиот тип на корупција беше идентификуван во процесите на приватизација на јавните претпријатија. Најголемата грешка според Проф. Камбовски беше направена на почетокот на процесот на приватизација, кога некои структури ги држеа очите затворени, и нерегуларностите и корупцијата не беа казнувани. Непочитувањето на законот за приватна сопственост, непостоечките мерки за ревизија на процесот на приватизација, конфликтот на интереси и особено фирмите купувачи со директен договор беа споменати како Македонска реалност.


Многу прашања беа поставени од страна на публиката:

- Дали имаме успешна и објективна истрага на корупцијата на   локално ниво?
- Дали постои правен инструмент за борба против корупцијата?
- Дали полицијата е подготвена да биде објективна и да ги лови   криминалците?
- Дали имаме независни и храбри институции?
- Дали полицијата е независна и каква улога играат партиските   односи?
- Кој ќе направи пресврт?

Заклучоците од страна на експертите беа дека корупцијата во Македонија е присутна претежно во сферата на економијата, образованието и судскиот систем. Постојат напори за борба против корупцијата, но сe уште без особени резултати.

Препораките дадени од страна на учесниците беа следните:

1. Има потреба од воспоставување на независен национален
    комитет за превенција на корупцијата
2. Има потреба да се зголеми јавната свест дека корупцијата е     пречка за влегувањето на РМ во ЕУ и НАТО
3. Има потреба да постои добра регионална соработка во     борбата со корупцијата со цел да се обезбеди означената цел


PDF download: (Македонски)
Абдула Алиу: Важноста на приватизацијата за интеграцијата на Македонија во Европската Унија
Исмаил Зејнели: Некои карактеристики на корупцијата во Македонија и нејзино спречување
Јетон Шасивари: Корупцијата на официјалните лица како сериозна закана за правната држава на Македонија
Јонуз Абдулахи: Социјалните промени и корупцијата во земјите во развој
Назми Малиќи: Регионалната соработка и борбата против корупцијата
Фил Марфи и Мемет Мемети: Невладините организации и одговорноста во Македонија
Весељ Латифи: Прашања околу откривањето и борбата против корупцијата
Владо Камбовски: Меѓународно-правна рамка на борбата против корупцијата
Зоран Матевски: Социолошки аспекти на организираниот криминал и корупцијата