РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА: Партиципација на малцинствата на регионално, национално и локално ниво

Вторник, 06 Декември 2005 00:00 FES
Печати

Во Декември Фондација Фридрих Еберт - Канцеларија Скопје ја организираше регионалната конференција за партиципација на малцинствата во соработка со Европскиот Центар за Малцински Прашања.

.

Во Декември Фондација Фридрих Еберт - Канцеларија Скопје ја организираше регионалната конференција за партиципација на малцинствата во соработка со Европскиот Центар за Малцински Прашања.

Конференцијата беше продолжување на збирката извештаи кои ја споредуваа постоечката правна рамка за заштита на правата на малцинствата во ЈИЕ и реалноста во пракса, организирани од страна на Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија Белград во 2004. Конференцијата од 2005 ги обработуваше проблемите на имплементација на правата на партиципација на малцинствата и меѓуповрзаноста на процесот на децентрализација во ЈИЕ и унапредувањето на партиципацијата на малцинствата во политичкиот и општествениот живот.


Конференцијата беше поделена во три дела од кои секој обработуваше различни аспекти на главната тема на конференцијата. Соодветно, во првиот презентери беа двајца претставници на меѓународни организации (Совет на Европа и Канцеларијата на Високиот Комесар за Национални Малцинства на ОБСЕ) каде се дискутираше реионалната перспектива за национални малцинства, заедно со работата на меѓународните организации присутни на Балканот. Вториот панел ја дискутираше националната перспектива и најдобри случаи и најдобри примери, заедно со презентации од три панелисти кои доаѓаа од различни држави. Дискусиите варираа од експертска гледна точка до примери во пракса, заедно со неисполнувања од страна на институциите задолжени за заштита на правата на малцинствата и промоција на партиципацијата на малцинствата. Последниот панел обрна внимание на ситуацијата на локално ниво додека истовремено го демистифицираше процесот на децентрализација со преглед на тоа што го предлага и она што навистина го нуди, со препораки на најдобра пракса на општини каде рамноправната застапеност не зависи исклучиво на бројните односи (општина Гостивар) - како почетна точка за партиципација на малцинствата на локално ниво.


Иако не постојат магични формули за партиципација на малцинствата сепак постои генерална перцепција за промоција на партиципацијата на малцинствата, особено институционализирана во заштитата на човековите права.

Заклучоците се следните:

- имплементацијата на условите за обезбедување на
   партиципација на малцинствата е есенцијална, иако не е
   едноставна задача

- има потреба од времено обрнување на внимание на прашањата на партиципација на малцинства особено во однос на помалите малцинства
- важно е да се спротивстави на мислењето дека насилството се исплати
- процесите на интеграција на ЕУ можат да имаат позитивен ефект од аспект на притисок на имплементирање на партиципацијата на малцинства, но сепак државите мораат да бидат внимателни со забрзаните исполнувања на етничките квоти
- има потреба од релевантни податоци за етничкиот состав на општините
- мнозинската сензитивност е многу поважна од симболичната партиципација