РАБОТИЛНИЦА: “Договорот за енергетска заедница и очекуваното еколошко и социјално влијание во Република Македонија”

Петок, 09 Декември 2005 00:00 FES
Печати

Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје во соработка со Собранието на Република Македонија организираше Работилница на тема “Договорот за енергетска заедница и очекуваното еколошко и социјално влијание во Република Македонија”. Работилницата се одржа во Битола од 09-10 Декември 2005 год.

. Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје во соработка со Собранието на Република Македонија организираше Работилница на тема “Договорот за енергетска заедница и очекуваното еколошко и социјално влијание во Република Македонија”. Работилницата се одржа во Битола од 09-10 Декември 2005 год.
Договорот за енергетска заедницата е само уште еден чекор на интегрирање на регионот на Југоисточна Европа во заедничкиот Пазар на ЕУ. Постоењето на овој вид на историска важност во соработката во енергетскиот сектор и без скромност може да се реферира на самите почетоците на ЕУ, која прво ги интегрирала своите сектори за енергија и јаглен. Значењето кое Договорот за ЕЗ може да го достигне, како суштина ја има подлабоката и понапредната соработка на земјите на ЈИЕ, е од особена важност и информираноста на гра?аните од регионот за процесите на имплементација на истата, како и сознанието дека цивилниот сектор ќе има можност да се вклучи во дебатите околу оваа проблематика.


Токму затоа Фондацијата Фридрих Еберт, на последната Парламентарна Конференција одржана од 6-7 Јуни 2005 год. во Скопје, со раководните лица од Собранието се сложи да поддржи последователна Работилница на која ќе се дискутира за Договорот за енергетска заедница и неговото влијание. На членовите на соодветните комисии од Собранието на РМ ќе им се даде можност да го претстават на јавноста Договорот за енергетска заедница и да разговараат со социјалните партнери за неговото очекувано еколошко и социјално влијание.


Од самите почетоци на Пактот на Стабилност за ЈИЕ Фондацијата Фридрих Еберт ја подржува идејата за регионална соработка на земјите од ЈИЕ и ја имплементира на своите семинари, конференции и останатите активности. Нашите канцеларии, кои се присутни во земјите на ЈИЕ, ги координираат овие активности. Со гореспоменатата Работилница ние се надеваме дека придонесовме за отворена дебата за темата, која е од особено значење за македонските трансформациони процеси и нејзиниот пат кон Европската Унија.

За време на работилницата се донесоа следниве заклучоци:

Еколошко влијание од договорот за ЕЗ:
      1/ Договорот за ЕЗ дава стабилна и усогласена правна рамка за соодветна заштита на животната средина во РМ, која во поголем дел е воведена во нашето законодавство (во Законот за енергетика и во Законот за животна средина);
      2/ Процесот на имплементација на договорот за ЕЗ е клучен услов за исполнување на обврските, за добивање на техничка помош и заеми од меѓународни финансиски институции и привлекување на странски приватни инвеститори;
      3/ Имплементацијата на делот за заштита на животната средина од договорот за ЕЗ, треба да се воспостави со јавни кампањи и посистематски дијалог на засегнатите страни (граѓани, стопански субјекти, НВО-и, инвеститори).

Социјални влијанија од Договорот за ЕЗ:
      1/ Како резултат на реформата на тарифите во енергетскиот сектор се очекува дека социјално ранливите категории на граѓани дополнително ќе бидат оптоварени;
      2/ Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБРД) има изработено студија во 2003 на регионално ниво каде се посочува дека во Македонија досега не се спроведени мерки за заштита на социјално ранливите категории граѓани во поглед на енергетската сиромаштија. Соласно со оваа студија Министерството за Економија презеде мерки за изработка на студија за состојбите во РМ во однос на подносливоста на цените на енергијата. Изработката на студијата е поддржана од ЕБРД и се очекува да биде завршена до крај на март 2006 година;
      3/ Мерките за справување со енергетската сиромаштија вклучуваат директни социјални плаќања на сметките на загрозените катеории граѓани, блок-тарифи и методи на енергетска ефикасност, вклучувајќи и едукација на граѓаните за начините за штедење на енергија;
      4/ За изработка на тарифниот систем за продажба на одделните видови на енергија во РМ надлежна е Регулаторната комисија за енергетика, и во рамките на новиот тарифен систем за електрична енергија комисијата веќе има предложено блок-тарифи и други мерки кои го стимулираат штедењето на електричната енергија.


Program.ECT workshop.pdf (English)