Дискусија меѓу млади луѓе од политиката и невладиниот сектор “Каков закон е потребен за младите?”

Понеделник, 19 Септември 2011 13:15 FES
Печати

19092011157

Во рамките на својата заедничка соработка Фондацијата Фридрих Еберт и ПРОГРЕС Институтот организираа јавна дебата на тема: “Каков закон е потребен за младите?”. Дебатата се одржа на 19 септември 2011 (понеделник) во музеј на град Скопје.

 

19092011157

Во рамките на својата заедничка соработка Фондацијата Фридрих Еберт и ПРОГРЕС Институтот организираа јавна дебата на тема: “Каков закон е потребен за младите?”. Дебатата се одржа на 19 септември 2011 (понеделник) во музеј на град Скопје.

Во парламентарната процедура предлог законот за млади го помина првото читање, што наметнува потреба од организирање на јавни дискусии по предлог законот. Сметаме дека регулативата за младинско организирање е од исклучителна важност. Младинските потреби и вклучувањето на младите треба да бидат врвен приоритет. Дебатите што ќе понудат решенија за подобрување на предлог законот се корисни, но неопходно е да се даде повеќе простор за ставовите и размислувањата на младите. Затоа со нашиот настан отворимве дискусија меѓу претставниците на помладоците од најголемите парламентарни партии со претставници од младинските невладини организации. Свое обраќање имаа: Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, Дамјан Мирчев, претставник од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Семра Рамадани, претставник на Форум на млади на ДУИ, Кренар Лога од Младинската организација на ДПА и претставниците на невладиниот сектор: Неда Коруновска од РЕАКТОР и Дејан Докузовски од Младинскиот образовен форум.

Симнете го извештајот од средбата на МK тука
Последно освежено на Вторник, 28 Февруари 2012 13:59