Јавна дискусија “Националните парламенти и процесот на ЕУ интеграции„

Среда, 26 Октомври 2011 15:22 FES
Печати

26102011180Во рамките на својата заедничка соработка Фондацијата Фридрих Еберт и ПРОГРЕС Институтот на 26.10.2011 (среда), во ЕУ Инфо Центарот, со почеток во 12:00 часот организира јавна дискусија на тема “Националните парламенти и процесот на ЕУ интеграции„.

 

26102011181

Во рамките на својата заедничка соработка Фондацијата Фридрих Еберт и ПРОГРЕС Институтот на 26.10.2011 (среда), во ЕУ Инфо Центарот, со почеток во 12:00 часот организира јавна дискусија на тема “Националните парламенти и процесот на ЕУ интеграции„. На трибината свое обраќање имаа: Хајрула Мисини, претседавач на Собраниската комисија за европски прашања, Роберт Лидл, претставник на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, д-р. Каролина Ристова Астеруд, доцентка на Правниот факултет “Јустинијан Први„ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, и Инес Бирзниеце, лидер на тимот на ЕУ проектот за техничка поддршка на Собранието на РМ.

26102011180

На трибината, воедно, се промовираше и политичка анализа “Положба и функции на националните парламенти во Европската Унија – Препораки за евроинтеграција на Собранието на Република Македонија„. Трудот е изработен од д-р Каролина Ристова Астеруд, а е во издание на ПРОГРЕС.

Симнете ја анализата на МК тука

Последно освежено на Вторник, 28 Февруари 2012 13:59