Политичка анализа “Положба и функции на националните парламенти во Европската Унија – Препораки за евроинтеграција на Собранието на Република Македонија„ од д-р. Каролина Ристова Астеруд, доцентка на Правниот факултет “Јустинијан Први„

Петок, 02 Септември 2011 03:32 FES
Печати

Трудот претставува анализа на положбата и функциите на националните парламенти во политичкиот систем на ЕУ, особено во контекст на новитетите на Лисабонскиот договор од 2009 година, и нивните импликации за евроинтеграциските реформи на Собранието на Република Македонија. Се истакнува дека за разлика од почетниот процес на депарламентаризација на ЕУ кој траел до 1980-тите год., од средината на 1990-тите год., особено со Договорот за ЕУ од 1993 год., е започнат процес на репарламентаризација на ЕУ.

Тој процес се изразува не само преку јакнење на влијанието на Европскиот парламент, туку и на националните парламенти на државите-членки на ЕУ. Изложени се сите клучни новитети на тој процес преку конститутивните договори на ЕУ и преку највлијателните уставно-правни, законски и внатрепарламентарни реформи во државите-членки. Последователно, преку анализа на случај, се идентификува степенот на усогласеност со ваквите трендови во ЕУ во рамки на парламентарните евроинтеграциски реформи во РМ, се констатираат слабостите и се даваат конкретни препораки за идни реформи. Целта е обезбедување целосна подготвеност на Собранието на РМ за преземање на улогата на национален парламент во ЕУ, но, исто толку важно, идно засметување на ваквата растечка моќ и влијание на националните парламенти во ЕУ во рамките на севкупната евроинтеграциска политика и стратегија на Република Македонија.

Симнете ја анализата на МК овде

Последно освежено на Вторник, 28 Февруари 2012 13:59