Меѓународна академска конференција посветена на 20 годишнината од независноста на Република Македонија

Четврток, 15 Септември 2011 00:00 FES
Печати

11

Фондацијата Фридрих Еберт,канцеларија Скопје (ФЕС) во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Школата за јавна политика “Мајка Тереза”, ФОН Универзитетот и Фондацијата Институт отворено општество Тинк-Танк организираа меѓународна академска конференција посветена на 20 годишнината од независноста на Република Македонија 20 години македонска независност: економски и политички случувања”. Конференцијата беше одржана во просториите на ФОН Универзитетот во Скопје на 15 и 16 септември.

11

20 години македонска независност: економски и политички случувања” 

Фондацијата Фридрих Еберт,канцеларија Скопје (ФЕС) во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Школата за јавна политика “Мајка Тереза”, ФОН Универзитетот и Фондацијата Институт отворено општество Тинк-Танк организираа меѓународна академска конференција посветена на 20 годишнината од независноста на Република Македонија 20 години македонска независност: економски и политички случувања”. Конференцијата беше одржана во просториите на ФОН Универзитетот во Скопје на 15 и 16 септември.

 

Говорници на отворањето на конференцијата беа: Д-р Марија Ристеска - Извршен Директор на ЦИКП, Д-р Жидас Даскаловски - Директор на Факултетот за јавна политика “Мајка Тереза”, Д-р Александар Николовски - ректор на ФОН Универзитетот и Д-р Хајнц Бонгартц, официјален претставник на Фридрих Еберт Фондацијата, канцеларија Скопје (ФЕС). Истотака на конференцијата имаа свои стручни обраќања и претствување на трудови голем број на експерти, практичари и реномирани научници областа на општествените науки. На панелите претседаваа и дадоа свои воведни обраќања: проф. Вил Бартлет од Лондонската школа за економија, проф. Вели Кречи од Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово, Ридван Пескопиа од Американскиот универзитет во Тирана, Албанија; Д-р Жидас Даскаловски од Универзитетот “Св Климент Охридски”, Битола, Македонија; Димитар Бечев - шеф на Софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни односи од Софија, Бугарија и проф. Димитар Мирчев од ФОН Универзитетот Скопје.


31

На панел се дискутираше за различните влијанија и можности на Република Македонија во однос на изминатите 20 години од осамостојувањето.

 

Панелите се случуваа по следниот редослед:

Панел 1: Дваесет години економски развој на Македонија: резултати и предизвици

Панел 2: Изградба на нацијата/држава - брендирање во Македонија

Панел 3: Прашања и предизвици за Македонија

Панел 4: Мултикултурни политики во Македонија и влијанијата на регионот и пошироко

Панел 5: Македонија и ЕУ: љубов на прв поглед

Панел 6: Дваесет години на демократски устав: правен и политички развој од 1991 година

41

Конференцијата покрена интересни прашања и донесе заклучоци и препораки кои може да и помогнат на земјата во иднина. Истакнатите академци преку нивните провоцирачки презентации успеаа да покренат разни прашања и понудија можни решенија на постоечките општествени, економски и политички проблеми во Република Македонија. Конференцијата резултираше со плодни дебати на панелите помеѓу учесниците и панелистите.

Преземи ја Програгама ENG тука.

Последно освежено на Вторник, 28 Февруари 2012 13:59