22 август – 1 септември 2011 Школа за млади лидери

Понеделник, 22 Август 2011 00:00 FES
Печати

lideri2Проектот “Школа за млади лидери”, кој е под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Др. Георге Иванов, кој оваа година беше организиран по втор пат, од 22 август до 1-ви септември во Хотелот Климетица во Охрид.

 

 

lideri2

Проектот го поддржуваат голем број на партнерски организации и приватни фирми, вклучително и Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, која уште од минатата година го поддржа проектот од самата иницијатива. Оваа година со поддршка на ФЕС Скопје беа претставени две предавања:

-Герхард Рајнер, Организациски и бизнис консултант од Австрија, кој се фокусираше на темата “Вредности и Лидерство”

-Борис Нисванд, научен соработник на Макс Планк Институтот за проучување на верската и културната различност во Гетинген (Германија) и визитинг професор на Европскиот Универзиет Виадрина во Франкфурт / Одер (Германија), обраќајќи се на учесниците на тема "Дилеми во врска со разликите во мултикултурните општества".



P1100961

Целта на овој проект е обука на лидерите и стимулација на позитивни вредности на младите лидери и идни политички, културни и економски лидери на нашата земја, како и на земјите во регионот и пошироко. Исто така проектот: Обука за лидери, како високо стандарден образовен центар има задача да ги интегрира современите политички, научни и технолошки знаења и вештини, се базира на почитување на основните човечки вредности. Се поставува нов модел на обучени лидери, развивајќи ја нивната личност и лидерски вештини, со што се создава чувство на одговорност и реакција кон се она што ги опкружува и средината во која живеат и работат.

 

За повеќе детали за проектот: http://president.mk/2011-06-16-13-26-14.html
Последно освежено на Вторник, 28 Февруари 2012 13:58