Панел-дискусија по повод објавувањето на зборникот „Европа по Лисабонскиот договор“

Среда, 13 Април 2011 00:00 FES
Печати

IMG_4547

Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Македонија во соработка со Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје, на 13 април 2011 година организираше панел-дискусија по повод објавувањето на зборникот „Европа по Лисабонскиот договор“. Зборникот содржи трудови од Петтата меѓународна конференција за европска интеграција, насловена „Европа по Лисабонскиот договор“ организирана од УАКС и Фондацијата „Фридрих Еберт“ на 20 мај минатата година.

 

IMG_4573

Темите на зборникот се однесуваат на придобивките од Лисабонскиот договор во економијата, енергетската стабилност, човековите права и подобрување на состојбата на луѓето во Европската унија, како и на улогата на Европа во одлучувањето на светско ниво, соочувањето со финансиската и економската криза, процесот на проширување и деловното опкружување во Европа по Лисабонскиот договор.

Панелот беше модериран од страна на д-р Стево Пендаровски, доцент по меѓународна безбедност и надворешни работи. На присутните на панел-дискусијата им се обратија Улрика Марија Кнотц, амбасадор на Германија во Македонија, проф. д-р Франц Лотар Алтман, вонреден професор по интеркултурни и меѓународни односи на Државниот универзитет во Букурешт, д-р Хајнц Бонгартц, официјален претставник на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Македонија.

Дискусијата се одржа во просториите на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје.

Симнете ја Публикацијата на англиски јазик
тука

Последно освежено на Вторник, 28 Февруари 2012 13:57