Јавна дебата по повод промоција на анализата „Пристојна работа во Република Македонија“ Д-р. Драган Тевдовски, доцент на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје

Среда, 30 Ноември 2011 12:51 FES
Печати

P1120696_copyФондација Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, Прогрес Институтот за социјална демократија, Олоф Палме Меѓународен Центар и СОЛИДАР организираа јавна дебата по поводпромоција на анализата „Пристојна работа во Република Македонија“, која се одржа на 21-ви ноември 2011 година во клубот ГЕМ во Скопје.

 

P1120693

Фондација Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, Прогрес Институтот за социјална демократија, Олоф Палме Меѓународен Центар и СОЛИДАР организираа јавна дебата по поводпромоција на анализата „Пристојна работа во Република Македонија“, која се одржа на 21-ви ноември 2011 година во клубот ГЕМ во Скопје.


Оваа анализа има за цел да ги идентификува клучните елементи кои го ограничуваат постоењето на пристојна работа за мнозинството работници во Република Македонија, особено во делот на нерамнотежата на пазарот на трудот, ниските плати и сиромаштијата,постоењето на сивата економија и загрозената самоодржливост на фондовите за пензиско и инвелидско и здравствено осигурување.


P1120696Анализава е резултат на анализите кои се правени во рамки на проектот “Пристојни работни услови Балканска мрежа – Еднаквоста и солидарноста во срцето на ЕУ интеграциите”, а публикувањето е поддржано од Фондација Фридрих Еберт, канцеларија Скопје. Проектот “Пристојни работни услови Балканска мрежа – Еднаквоста и солидарноста во срцето на ЕУ интеграциите” во чии рамки е изработена оваа анализа е поддржан од Европска Унија.

 
На дебатата воведно обраќање имаше Цветанка Иванова, пратеник и Претседател на комисијата за труд и социјална политика при Собранието на Република Македонија. Трудот беше презентацијата од Д-р. Драган Тевдовски, автор на анализата и потоа се надоврзаа кон темата со свој личен осврт Миле Бошков, извршен директор од Бизнис кондфедерација на Македонија и  Мила Цароска, член на извршен одбор на Македонска платформа за борба против сиромаштија.

 

Симнете ја анализата на МК тука

Последно освежено на Среда, 04 Април 2012 09:33