Конференција „Демократијата и родова еднаквост“ по повод Меѓународниот ден на демократијата

Четврток, 04 Октомври 2012 12:24 FES
Печати

778ABF6289AC0B4F8C3AE6E4D2172CF3По повод 15 септември - Меѓународниот ден на демократијата, во Собранието денеска ќе се одржи конференција на тема “Демократијата и родовата еднаквост“,

778ABF6289AC0B4F8C3AE6E4D2172CF3

По повод 15 септември - Меѓународниот ден на демократијата, во Собранието денеска ќе се одржи конференција на тема “Демократијата и родовата еднаквост“, организирана од Македонското женско лоби, Клубот на жени-пратенички и Женската граѓанска иницијатива “Антико“. Конференцијата беше поддржана од Обиденитети нации, Националниот Демократски Институт и германските фондации Фридрих Еберт и Конрад Аденауер, канцеларии Скопје.

Целта на конференцијата беше повеќедимензионално да се говори за предизвиците и пречките со кои се соочуваат жените и мажите во остварување на основните постулати на демократијата, како што се рамноправност, партиципативност и репрезентативност.

“Политиката на родова рамноправност и зајакнување на улогата на жените претставува една од фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок. Родовата рамноправност од перспектива на жените значи тие да работат во свое име, да ги претставуваат јасно своите гледишта, со цел да бидат слушнати и земени предвид, а тоа значи нивно вклучување во консултациите и донесувањето одлуки на сите нивоа.” ова го нагласи претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Трајко Вељаноски, кој говореше на отворањето на настанот. Свое обраќање имаа и Теута Арифи, потпретседател на Владата на Република Македонија, Соња Мираковска, претседател на Клубот на жени пратенички, Лилјана Поповска, претседател на собраниската Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Димитриевска, извршниот директор Македонското женско лоби, Ѓунер Небиу од женската граѓанска иницијатива „Антико“. 

Поддршка кон инијативата дадоа сите политички партии во Собранието на РМ, како и голем број на претствници од владата, академската заедница, невладиниот сектор и меѓународните институции.