Меѓународната конференција „15 години од парламентарната димензија на процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“

Понеделник, 15 Октомври 2012 00:00 FES
Печати

konferencijag4Собранието на Република Македонија, во рамки на парламентарната димензија на Македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на 15-16 октомври 2012 година, беше домаќин на Меѓународната конференција „15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“ и 7. состанок на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ.

konferencijag4

Собранието на Република Македонија, во рамки на парламентарната димензија на Македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, на 15-16 октомври 2012 година, беше домаќин на Меѓународната конференција „15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“ и 7. состанок на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ.

5E5E15AEC045244FA9648AD2D5A5FF53

Овој процес на соработка меѓу парламентите на ЈИЕ е традиционално поддржан и  организиран во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт. Во Република Македонија овие настани беа поддржани од Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје. 

90BC4B458FCBD04A806C14862E6F645F

Конференцијата ја отвори модераторот, г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја, претседател на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ, а поздравно обраќање имаше претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

konferencijag21

Исто така, свои обраќања на Конференцијата имаа и заменик-министерот за надворешни работи, г. Зоран Петров; г. Ѓерј Мура од Регионалниот совет за соработка; д-р Хајнц Бонгатц, официјален претставник на Фондацијата „Фридрих Еберт“ канцеларија Скопје; г. Димитар Мирчев, почесен претседател на ЕММ и г-ѓа Петра Блес Рафајловски, поранешен потпретседател на Бундестагот и висок експерт. 

4AECA4235D942046AD1975B2DFC13A74

Претседателот на Работната група, г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја, изрази благодарност до присутните на оваа јубилејна конференција и воедно потсети на покренатата иницијатива за регионална соработка на ЈИЕ на состанокот на министрите за надворешни работи, одржан во Софија во 1996 година, под името Процес на добрососедство, стабилност, безбедност и соработка, кој подоцна, во текот на претседателството на Романија во 2000 година, е преименуван во Процес за соработка во Југоисточна Европа.  Како базичен документ се смета Повелбата за добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка во ЈИЕ, усвоена во Букурешт, која по донесувањето се потпишува при приемот на новите членови.Со повремен дисконтинуитет досега се одржани девет конференции на претседатели на парламентите на земји-членки на ПСЈИЕ.  

На конференцијата обраќања имаа и претставници на националните парламенти на земјите-членки на ПСЈИЕ, а во улога на претседавач на панелот беше г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија. 

9321BAD5E041B746B4DD9B3B6CF52C10

На 16 октомври националните координатори одржаа подготвителен состанок и Седми состанок на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ, посветен на процесот на институционализирање и натамошен развој на регионалната меѓупарламентарна соработка и на активностите во рамките на ПСЈИЕ во наредниот период.

Во текот на македонското претседателство предвидени се и повеќе други настани кои ќе бидат финализирани со Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите-членки на Процесот, која ќе се одржи во мај следната година.

За повеќе информации:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=0DD1FF0A45716942BB5CC91CEA8C3940
http://www.seecp.gov.mk/