Стручна дебата „Mинимална плата и пристојна работа во Република Македонија“

Петок, 02 Март 2012 00:00 FES
Печати

DSCN5853Стручната дебата на тема „Mинимална плата и пристојна работа во Република Македонија“се одржа на 2 март 2012 година на Скопски Саем во салата „Дипломатик“.

DSCN5853Стручната дебата на тема „Mинимална плата и пристојна работа во Република Македонија“се одржа на 2 март 2012 година на Скопски Саем во салата „Дипломатик“. Настанот беше во организација на Прогрес Институт за социјална демократија, Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, Олоф Палме Меѓународен Центар и СОЛИДАР.

 

Целта на оваа конференција беше повторно да се дискутира и дебатира по законот за минимална плата, неговите предности и недостатоци и можни измени?! Неизоставно и најбитно е прашањето: колку минималната плата ќе придонесе за пристоен живот во Република Македонија и неговото влијание врз жената како најзасегната во гранките во кои ќе има усогласување на износот? Во вториот панел се расправаше за условите во кои работат работниците во Република Македонија, дали во Македонија има пристојни услови за работа? Во контекст на вториот панел ќе се дискутира и согледува имплементацијата на законот за безбедност и здравје при работа како една од мерките против професионални ризици, превентивните фактори за несреќи, информирање, консултирање, обука на работниците и така натаму при подобрувањето на работните услови.

DSCN5852

 

На овој настан беа поканети сите релевантни чинители кои работат на ова поле: синдикатите, државни институции, невладини организации, тинк - тенкови и фондации, МОТ – Македонија, Европска делегација во Македонија, пратеници од Собранието на Република Македонија, бизнис секторот, коморите, претставници на локалните власти.

Проектот “Пристојни работни услови Балканска мрежа – Еднаквоста и солидарноста во срцето на ЕУ интеграциите” во чии рамки е иницирана оваа дебата е поддржан од Европска Унија.


Симнете ги заклучоците и препораките од средбата на МК тука

Последно освежено на Среда, 04 Април 2012 12:48