Повик за истражувачи: Користење на ЕУ фондовите во Република Македонија (важи до 19 април 2012)

Четврток, 05 Април 2012 00:00 FES
Печати
Институтот за европска политика во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје спроведува истражување: Kористeње на ЕУ фондовите во Македонија. За таа цел се повикуваат сите заинтересирани истражувачи во Македонија со соодветно истражувачко искуство во дадената област да се пријават со своја предлог студија.

Студијата треба да се однесува на одредено подрачје или конкретен проблем во рамките на една од петте ИПА компоненти: I.Транзициска помош и институционална надградба,

II. Прекугранична соработка,

III. Регионален Развој,

IV. Развој на човечки ресурси,

V. Рурален Развој.

Студијата на случај треба преку соодветна методологија и релевантни индикатори, предложени од страна на истражувачот,  да ја утврди ефикасноста од користењето на ЕУ фондовите, односно, да го определи конкретното влијание во истражуваното подрачје.

Заинтересираните кандидати своите предлози за истражувачки студии, заедно со куса биографија/CV (најмногу две страни) треба да ги достават до Институтот за европска политика на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до 19 април 2011 година.  Предлозите треба да имаат од 500-700 зборови и да содржат: предлог тема, резиме на истражувањето и предлог методологија.

Подетални информации за повикот се достапни на веб страницата на Институтот за европска политика www.epi.org.mk.

Одбраните истражувачи за подготвената студија ќе се хонорираат. 

Целиот повик за истражувачи на МК тука

Последно освежено на Четврток, 05 Април 2012 13:18