Стручна дебата „Што треба да се направи за граѓаните и фирмите полесно да ја преживеат 2012 година?“

Петок, 06 Април 2012 00:00 FES
Печати
photo5Стручна дебата „Што треба да се направи за граѓаните и фирмите полесно да ја преживеат 2012 година?“
photo5Стручната дебата „Што треба да се направи за граѓаните и фирмите полесно да ја преживеат 2012 година?“ се одржа во петок 06 април 2012 година на Скопски Саем. Настанот беше во организација на Институтот за социјална демократија „Прогрес“ и Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје.

Индустриското производство во Република Македонија паѓа шест месеци по ред, а истовремено цените на струјата, греењето, бензинот и храната непрестано растат. Животниот стандард е загрозен за најголем дел од граѓаните во Македонија. Затоа сметаме дека оваа стручна конференција е неопходна, за да се продискутираат состојбите во економијата и да се понудат мерки и решенија за надминување на проблемите. Во прилог Ви ја доставуваме агендата на настанот.

photo6

На овој настан поканети беа сите релеванти чинители кои работат на ова поле: Владата и Собранието на Република Македонија, стопанските комори, синдикатите, универзитетски професори, претставници од дипломатски претставништва и меѓународни организации, релеватни професионални здруженија, здруженијата на граѓани, како и индивидуални фирми.

Симнете го извештајот и заклучоците на МК тука

Последно освежено на Среда, 11 Април 2012 11:23