18 Мај 2012: Гледај во живо – Јавна дебата “Економскиот и социјалниот развој на Македонија како предуслов за евро-атланските интеграции”

Петок, 18 Мај 2012 00:00 FES
Печати

Гледај во живо – Јавна дебата “Економскиот и социјалниот развој на Македонија како предуслов за евро-атланските интеграции”

Имаме чест да Ве поканиме Вас и Вашите соработници да ја проследите во живо јавната дебата “Економскиот и социјалниот развој на Македонија како предуслов за евро-атланските интеграции” која ќе се одржи во 18 мај 2012 година (петок) во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 10 часот. Настанот е во организација на Институтот за социјална демократија „Прогрес“ и Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје, а во соработка со пратеничката група на СДСМ.

Целта на оваа стручна конференција е да се дискутираат перспективите на Република Македонија врзани со зачленувањето во НАТО и ЕУ.

Главни прашање кои ќе се отворат:

-          Kои се политичките предности и последици од приклучувањето во ЕУ и НАТО, и кои се политичките предности и последици од неприклучувањето во ЕУ и НАТО?

-          Која е перспективата за ЕУ интеграција на Западниот Балкан? Каде се наоѓа регионот (Хрватска и понатаму)?

-          Кое влијание би имала ЕУ и НАТО интеграцијата врз социјалниот развој, пораст и креирањето на работни места?

-          Кои прашања, покрај прашањето со името, Македонија ќе треба да ги среди (слобода на медиумите, реформа на јавната администрација, гласачките листи и независноста на судството)?

Гости говорници ќе бидат: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Јосип Јуратович, пратеник во германскиот парламент, Матијас Колатц Анен, поранешен потпреседател на Европската инвестициона банка, Димитар Бечев, постар политички соработник и директор на канцеларијата во Софија на Европски совет за надворешни работи и Јани Макрадули, потпреседател на Собранието на РМ.

Работни јазици ќе бидат македонски, англиски и германски, меѓутоа во живо ќе се пренесуваат само англискиот на justin.tv/fesmk и германскиот на justin.tv/fesmak

Однапред се радуваме и очекуваме да ни ги пишете Вашите импресии од настанот на 18 мај 2012 год.

Во прилог може да ги најдете програмите за настанот МК, ENG и DE

Ве молиме чувствувајте се слободно да ја проследите веста на Вашите соработници

Со почит,

ФЕС тимот

www.fes.org.mk

Последно освежено на Среда, 16 Мај 2012 09:38