istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home

Промоција на документите за политики во рамки на Првиот форум за родова еднаквост

Е-пошта Печати PDF

Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија во 2015 година го иницираше проектот наречен Прв форум за родова еднаквост, чија цел беше да обезбеди инклузивна платформа за развој и промоција на јавни политики во сферата на родовата еднаквост во духот на вредностите на социјалната демократија.

 

Преку континуирана работа во текот на годината, експертска поддршка, споделување на практични искуства и континуиран дијалог со сите релевантни чинители од академската и професионалната заедница, учесничките и учесниците на Форумот добија можност за подлабоко проникнување во родовите аспекти и креирање на предлози и документи за политики на теми на кои тие самите ги издвоија како приоритет во сферата на родовите проблематики во Република Македонија.  

Како резултат на деталната истражувачка работа на трите групи во рамки на Првиот форум за родова еднкавост произлегоа документите за политики на тема

1/ Самохраните мајки – жртви на мултиплицирано насилство

2/ “Граѓанско образование” за родова рамноправност – промена на наставната програма за осмо одделение

3/ Здравствена заштита во затворите во Република Македонија, со посебен акцент на здравјето на жените

Трите документи ќе бидат презентирани и дискутирани на јавниот настан на 27 октомври 2016 (четврток) во 10.30 часот на Скопски саем, Дипломатик сала.

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag


kastamonu escort kırklareli escort kırşehir escort kütahya escort maraş escort escortlari.co