istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home

Прирачник „Како да се креира и дизајнира успешна содржина за социјални медиуми?”

Е-пошта Печати PDF

dizajn-fb

Социјалните медиуми се многу влијателни и познати како простор за слободна дебата, проток на информации и непречена дискусија. На овој простор, многу млади, но и стари луѓе ја уживаат слободата на изразување и се чувствуваат влијателни. Тоа е простор каде овие луѓе го истакнуваат критичното размислување кое го развиле самите, учеството во конструктивни дебати, како и вклучувањето на другите корисници на социјалните мрежи во дебатите и слободата на изразување. Според глобалните статистики, над 53% од македонските граѓани се редовни интернет корисници. Користењето на социјалните медиуми како средство за политичка комуникација е и ќе остане важна алатка за соопштување на пораките од страна на политичките лидери – особено преку двостраната комуникација со граѓаните/гласачите. Он-лајн комуникацијата и помогнала на неколку партии од регионот, особено социјалните платформи како Фејсбук.  Во Албанија, Фејсбук кампањата на Еди Рама фрли светло врз неговите политики и особено врз неговите политички пораки. Истото се случи и во Хрватска, како и во другите земји од југоисточна Европа. 

ФЕС Скопје се надева дека ќе обезбеди практично знаење за соодветно користење на социјалните медиуми како силна алатка за невладините организации, политичките претставници и активисти во допирањето на предвидените групи, како и за зајакнување на видливоста на нивните политики, концепти и визии во аспект на постигнување синергија во активностите. Во исто време, насочувањето кон јавното мнение и артикулацијата на важни политички, економски и општествени прашања изискува содржини кои се општествено одговорни – во рамките на демократските упатства и принципи. Причина за ова е што секое општење се дистрибуира за неколку секунди и влијае во процесот на одлучување и легислатива, себе-промоција и утврдување на агенда.

Овој прирачник ќе придонесе кон зголемување на јавната свест за последиците, како и тенката линија на разграничување на погрешното интерпретирање на контекстот во социјалните мрежи, како и воопшто на Фејсбук. 

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag