istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home

Јавна дебата “Како да се намали економската нееднаквост во Македонија?“

Е-пошта Печати PDF

На 31 октомври 2014 година се одржа јавната дебата  “Како да се намали економската нееднаквост во Македонија?“. Дебатата беше во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, Институтот за социјална демократија “Прогрес“ и Меѓународниот Центар Олоф Палме.  

Официјалните податоци говорат дека Македонија има најголема неправедност во распределбата на доходот во регионот. Вредноста на Џини индексот на земјава во 2010 година изнесувал 43,6 (последна година за која има податок) и таа е значајно поголема од вредностите на Џини индексите кај останатите земји: Албанија (34,5 во 2008 година), Босна и Херцеговина (36,2 во 2007 година), Бугарија (28,2 во 2007 година), Хрватска (33,7 во 2009 година), Црна Гора (28,6 во 2010), Романија (27,4 во 2011 година) и Србија (29,6 во 2010 година). Распределбата на доходот во Македонија може да се спореди единствено со Грузија (42,1 во 2010 година), а веќе сериозно се приближува и до латиноамериканските земји. Дополнително, неправедноста во распределбата на доходот во земјава не се намалува низ годините, туку се случува токму спротивното. Јазот помеѓу богатите и останатиот дел од населението сè повеќе се зголемува. Притоа, треба да се очекува дека неправедноста во  распределбата на доходот уште повеќе е влошена во земјава по 2010 година. 

Целта на дебатата беше да даде одговор на следните две прашања:

1.       Кои се механизмите кои влијаат на зголемување на неправедноста во распределбата на доходот во Македонија?

2.       Што треба да се преземе да се дојде до пофер распределба на доходот во Македонското општество?

Гости/говорници беа проф. д-р Драган Тевдовски, Економски факултет - Скопје, проф. д-р Маја Геровска-Митев, Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет - Скопје и Здравко Савески, Левичарско движење „Солидарност“. 

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag