istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home

Eкспертската дебата „Праведно оданочување – алтернативи и предлози за реформи во даночниот систем”

Е-пошта Печати PDF

Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија во Скопје и Прогрес - Институт за социјална демократија на 17 јуни 2015 ја организираа експертската дебата со наслов „Праведно оданочување – алтернативи и предлози за реформи во даночниот систем”.

Повод за оваа експертска дебата беше да се направи критички осврт врз даночниот систем во Република Македонија и да се разгледаат можните алтернативни модалитети кои би придонеле кон поправедно оданочување во земјата, особено имајќи го предвид фактот дека Македонија има најголема неправедност во распределбата на доходот во земјите од Југоисточна Европа. Рамното одданочување воопшто не придонесува да се корегира нерамномерната распределба на доходот во земјава, туку го прави токму спротивното – се фаворизира текот на доходот кон богатите и надвор од земјата. Иако, позитивна страна на рамниот данок е тоа што успеа со својата едноставност да го подобри плаќањето на даноците во земјава, рамните стапки на данокот на добивка и на данокот на доход, ниските даноци на имот и постојаното одлагање на воведувањето на оданочување на штедните влогови прават даночниот систем да биде целосно на страната на богатите. Затоа и државниот буџет во најголема мера се полни од данокот на додадена вредност, кај кого посиромашните плаќаат поголем данок како процент од својот расположлив доход во споредба со побогатите.                                                  

Свои воведни излагања на експертската дебата имаа: Ахим Тругер, професор, Факултет за бизнис и економија, Берлинска школа за економија и право; Шенај Хаџимустафа, професорка, Факултет за бизнис и економија, Универзитет Југоисточна Европа, Тетово; Ванчо Узунов, професор, Правен Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје иДраган Тевдовски, професор, Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје. Во продолжение следеа интересни коментари и дискусии на релевантни претствници од областа на јавните финансии од земјата, претставници од академската заедница, граѓанското општество и реалниот сектор.

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag