Конференција „Економијата и европските интеграции: Како стои Македонија со исполнувањето на стратегијата- Југоисточна Европа 2020”

Печати

Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија во Скопје, Прогрес - Институт за социјална демократија и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) ја организираа конференцијата со наслов „Економијата и европските интеграции: Како стои Македонија со исполнувањето на стратегијата- Југоисточна Европа 2020” која се одржи на 09 јуни 2015 година (вторник), во хотелот Холидеј Ин, Скопје.

Повод за оваа конференција беше објавувањето на Извештајот за резултатите на сите држави од Западен Балкан во спроведувањето на Стратегијата Југоисточна Европа (ЈИЕ) 2020. Овој Извештај го подготвува Советот за регионална соработка од Сараево, под покровителство на ЕУ, но и со согласност од сите држави кандидатки за членство во ЕУ од Западен Балкан. Извештајот го цени учинокот на секоја држава од Западен Балкан во остварувањето на индикаторите за економска стабилност и раст утврдени во Стратегијата ЈИЕ 2020, а потврдени со Стратегијата за проширување на ЕУ за 2014/2015 година објавена минатиот октомври. Покрај резултатите за Македонија беа разгледани и препораки за мерки кои во иднина би не доближиле до стратегиската рамка за развој на Југоисточна Европа.

Во првата сесија “Резултатите на Македонија во исполнувањето на индикаторите од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 на Советот за регионална соработка” свои излагања имаа: Нанд Шани, експерт за економски и социјален развој, Совет за регионална соработка, Јон Ивановски, амбасадор, Национален координатор за регионални иницијативи, Министерство за надворешни работи на Република Македонија и Александар Зафировски, Секретаријат за европски прашања, Влада на Република Македонија, додека во втората Сесија “Перспективите на Македонија во однос на Стратегијата за ЈИЕ 2020 – Што понатаму?” говорници воведничари беа: проф. д-р Билјана Секуловска – Габер, Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје; Валентина Дисоска, претседателка, Здружение на жени во бизнисот; Благица Петрески, главен економист, Finance Think и Бојан Маричиќ, извршен директор, Македонски центар за европско образование.  

Исто така, придонес во дискусијата за сегашната ситуација и идните мерки дадоа и претставници од академската заедница, граѓанското општество и реалниот сектор.

View the embedded image gallery online at:
http://fes.org.mk/mk/component/content/article/49-home/165-conference-economic-governance-and-the-eu-integration-see-2020-scoreboard-for-macedonia?tmpl=component&print=1&page=#sigProGalleria538b06e7e6