istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home

Eкспертска дебата “Службеничкиот систем во Република Македонија”

Е-пошта Печати PDF

Денеска, Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје го отпочна проектот “Форум за јавна администрација” кој го реализираме во соработка со Правниот факултет “Јустилијан први” при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје и Факултетот за јавна администрација при Универзитетот ЈИЕ Тетово. 

Првата експертска дебата на темата “Службеничкиот систем во Република Македонија” се одржа на 2 јуни 2015 година (вторник) на Правниот факултет Скопје (сала на Наставничко-научен совет) со почеток во 10 часот. На дебата се осврнеме на Законот за јавни службеници и Законот за државна администрација и најавите за негови измени, кои се соочија со бројни реакции - критики и пофалби, а сега имавме можност да обсервираме (иако сеуште на почеток) како ќе биде и неговата имплементација. Дополнително, набљудувајќи ја проблематиката од економска гледна точка на прекумерна вработеност во јавниот сектор и колку службениците го чинат државниот буџет отвора полемики во однос на нивната продуктивност, ефикасностии како овие трошоци ќе се покриваат. Во интерес на граѓаните е почитување на принципите на добро владеење и да се подобри ефикасноста, економичноста и ефективноста на администрацијата и да се промовираат демократските вредности, етиката и почитувањето на владеењето на правото.

Во рамките на експертската дебата се презентираа тези, насоки и препораки за два труда:

1/ “Најновите законски решенија за статусот на вработените во јавниот сектор во РМ и нивната практична имплементација: реалност или утопија” од проф. Давитковски Борче и проф. Ана Павловска Данева

2/ “Социјалната димензија на јавната администарција во РМ – расте бројот и буџетот наспроти продуктивноста” од проф. Беџети Абдулменаф и проф. Ванчо Узунов

Трудовите по дебатата ќе бидат публикувани од страна на Фондацијата фридрих Еберт, канцеларија Скопје.

Покрај авторите, дополнителен придонес со сопствени видувања и размислувања за состојбите во нашата земја дадоа и г-ѓа Марта Арсовска Томовска, заменик министерката и г-дин Југослав Ѓеоргиевски, советник во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, како и Билјана Жагар Николовска, државен советник за правни работи при Агенцијата за администрација.

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag