istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home

Најавен е почетокот на проектот „Градење на социјална кохезија од ‘темел-нагоре’: Денот потоа“

Е-пошта Печати PDF

На јавната дискусија организирана од Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје што се одржа денес (02.09.2016) во х.Холидеј ин најавен е почетокот на проектот „Градење на социјална кохезија од ‘темел-нагоре’: Денот потоа“.

Проектот „Денот потоа“ е скромен придонес на Фондацијата за развојот и поддршката на социјално-кохезивно општество и поддршка на прогресивните активности во Републиката Македонија.

v-160906-pictures2-webpage-dayafter

Како до остварување на „Денот потоа“? Преку соработка со организации и индивидуи кои со инклузивен пристап ќе формулираат сет на конкретни барања за унапредување на состојбите во утврдени општествено, социо-економски и политички области.

Единствено преку тесна соработка меѓу организациите од граѓанскиот сектор, експертската фела и академската јавност ќе може да се понудат решенија кои ќе бидат прифатени од политичките партии.

Координаторите на подгрупите ќе подготват конкретни барања кон претендентите за политички одлучувачи („decision makers“) и ќе бараат истите да се обврзат со потпис за нивна реализација.

v-160906-pictures1-webpage-dayafter

Изготвувањето на сетови на барања за секоја од подгрупите и потпишувањето со обврска за нивна реализација од страна на политичките партии е првата фаза на „Денот потоа“ –групите ќе бидат вклучени во процесот на креирање/модификација на законските решенија за истите барања (втора фаза) а мониторинг рамката со која граѓанското општество ќе ја следи имплементацијата ќе биде третата фаза на „Денот потоа“.

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag