Повик до истражувачи институти и центри кои се заинтересирани за спроведување на националното истражување Студија за млади 2018

Печати

Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје објавува повик до истражувачи институти и центри кои се заинтересирани за спроведување на националното истражување Студија за млади 2018 во партнерство со канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт.

Фондацијата Фридрих Еберт продолжува со иницијативата за спроведување на студии за млади во земјите од југоисточна Европа со цел да обезбеди аналитички преглед на перцепциите, очекувањата и односот кон промените кај младите генерации. Овие студии ги прикажуваат предизвиците со кои се соочуваат младите во своите општества и претставуваат основа за креирање на препораки и мерки за подобрување на животот на младите.

Деталниот повик можете да го најдете тука:

- Polling agencies
Research institutes

Ве молиме да ги доставите Вашите понуди во рокот наведен во повикот, односно најдоцна до 30-ти октомври 2017.