К О Н К У Р С за учесници на деветата Политичка академија за социјална демократија 2017-2018 г

Печати

Фондација Фридрих Еберт - Скопје во соработка со Прогрес - Институт за социјална демократија, Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Фондацијата „Калеви Сорса“ распишуваат К О Н К У Р С за учесници на деветата Политичка академија за социјална демократија 2017-2018 г.

 

Политичката академија е образовен проект, дизајниран како академски курс и тренинг. Главна задача на Академијата е да образува и тренира индивидуи коишто ги споделуваат социјалдемократските вредности и коишто во своите секојдневни активности влијаат и ги обликуваат политичките одлуки во Македонија.

 

Политичката академија ќе им овозможи на учесниците теоретско знаење, но и практични вештини и способности во областа на политичкиот систем, социјалдемократската идеологија, политичкиот и партискиот менаџмент и политичката комуникација и односите со јавноста. Овие цели ќе се реализираат во рамките на четири или пет циклуси на тридневни викенд семинари со модули од горенаведените области во периодот од декември 2017 година до јуни 2018 година. Првиот семинар ќе се одржи во средината на декември.

Конкурсот можете да го преземете ОВДЕ