istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home ФЕС МАКЕДОНИЈА Цели ФЕС Македонија/ЦЕЛИ

ФЕС Македонија/ЦЕЛИ

Е-пошта Печати PDF


 Последиците на воените конфликти и на фрагментирањето на бивша Југославија оставија траги и во Македонија. Иако на патот кон својата независност, за разлика од останатите југословенски републики, во Македонија не беше пролеана крв, сепак државата не беше поштедена од други негативни последици. Нерамномерно распределената инфраструктура и трговските патишта во Југославија беа прекинати уште на почетокот на 90-те години , а ембаргата и реките бегалци дополнително го отежнаа развојниот процес на регионот.

За време на војната во Косово, Македонија прифати голем број бегалци од Косово и придонесе кон ублажување на хуманитарната катастрофа. Во 2001 год., ненадејно настана интерен конфликт помеѓу албански групи и македонските сили за безбедност. Со помош на меѓународно посредништво, конфликтот беше завршен со Охридската рамковна спогодба, со која се проширија правата на албанското малцинство во државата и чија цел е фактичката, а не само декларативната рамноправност на Албанците. Освен тоа, со оваа спогодба се предвидува и децентрализација на државата, со која треба да се намали дистанцата помеѓу граѓаните и државните структури.

По имплементацијата на мировната спогодба, идното членство во НАТО и доближувањето на Македонија кон Европската унија се централните реформски проекти на државата. Македонија очекува членство во НАТО во 2008 год и доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ во Декември 2005. Членството во Европската Унија е поддржано од 90% од населението.

Цели и задачи
Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија го поддржува процесот на трансформација на државата во следниве подрачја:

•  Граѓанско учество и активизам
•  Социјален дијалог
•  Приближување на Македонија кон Европска Унија
•  Регионална соработка на Западен Балкан


Во својата работа, фондацијата Фридрих Еберт се раководи според основните вредности на социјалната демократија: слобода, правда, солидарност и меѓународна соработка. Оваа задача фондацијата Фридрих Еберт ја следи и во Република Македонија, каде што има своја канцеларија од 1996 год.

 

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag


kastamonu escort kırklareli escort kırşehir escort kütahya escort maraş escort escortlari.co