istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home РЕГИОНАЛНИ ПРОГРАМИ
РЕГИОНАЛНИ ПРОГРАМИ

Регионални програми/МАЛЦИНСТВА

Е-пошта Печати PDF

Фондацијата Фридрих Еберт со своите канцеларии во Југоисточна Европа, покрај тоа што работи на национални проекти за градење на демократија, исто така работи и на различни прашања на регионално ниво. Целта на овие регионални активности е главно да 1) поврзува луѓе, институции и веќе постоечки мрежи, 2) промовира најдобра практика и научени лекции, 3) развива стратегии и политики за регионот и неговите специфични потреби, 4) овозможува регионот во целина да се приближи до ЕУ.
Едно од прашањата на кое се работи на регионално ниво е прашањето на национални и етнички малцинства. За сите земји на поранешна Југославија како и за соседните земји, прашањето на малцинствата е клучно за внатрешната стабилност и нивното приближување до ЕУ. Ова е тоа поради што сите земји воведоа легислатива која треба да им овозможи на малцинствата во нивните земји да можат да ги остварат своите права, да ја зголемат нивната партиципација во општеството и државата и да им се гарантираат еднакви права со мнозинството или дури и дополнителни колективни права кои се однесуваат на нивното културно наследство и идентитет.

Мониторинг извештаите од последните години покажуваат дека дури и доколку постои соодветната легислатива, имплементацијата недостига или пак е недоследна и незавршена. Постојат повеќе причини за оваа ситуација кои имаат различна важност за земјите на Југоисточна Европа: 1) недостиг на политичка волја, 2) недостиг на познавање на (локалните) актери, особено за реформите на локалната самоуправа како инструмент на заштита на правата на малцинстават, 3) недостиг на финансиски средства.

Можни инструменти за унапредување на имплементацијата на правата на малцинствата – земајќи го во предвид горенаведеното – може да бидат: 1) коммбиниран пристап на мониторинг (што не е имплементирано и зошто?) и политичко советување (што би требало да се направи и зошто е добро за сите страни?) од страна на локални НВО-а што би требало да го олесни процесот на расправа и имплементирање на правата на малцинствата за оние кои ги носат одлуките, 2) едукација на локалните актери и поврзување на малцинските права со локалната самоуправа, демократијата, граѓански ориентирана политика итн. за зголемување на свеста и локалниот интерес за имплементацијата на малцинските права, 3) финансирање на релевантните институции со потребните буџетски средства.

Со комбинирање на првиот и вториот пристап, Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје дискутираше со регионални експерти за модел кој се заснова на искуството на “мониторинг на локална демократија” во земјите на Западна Европа. Идејата позади тоа е да се зголеми, во пристап од-долу-кон-горе, имплементацијата на правата на малцинствата на локално ниво и да ги направи локалната јавна администрација и граѓаните активен дел од процесот. Главната цел на процесот на децентрализација – да се донесе јавната администрација поблиску до граѓаните – е еден од мотивирачките фактори кои гарантираат успешност на моделот. Целта е да се зголеми свеста кај оние кои се активни во јавната администрација и кај граѓаните, и во исто време да се зголеми учеството во имплементацијата на локално ниво.

Во првата работилница беше дискутиран постоечкиот модел на партциципативна демократија како основна база за модел на мониторинг во Југоисточна Европа, што овозможува учество во имплементацијата на локално ниво и можност за двете страни, администрацијата и граѓаните, да си помогнат едни на други во остварување на истата цел. На крајот од првата работилница, моделот беше модифициран за да биде соодветен за специфичното прашање на правата на малцинствата во регионот на Југоисточна Европа. Познавањата и искуствата на регионалните експерти во однос на мониторингот на правата на малцинствата го овозможија неопходниот инпут за да се трансформира моделот на начин што го прави апликативен за специфичните ситуации во Југоисточна Европа.

Модел предложен од страна на Фондација Фридрих Еберт,
Елабориран од Штефан Денерт и Харалд Шенкер со вклучени мислења на експерти според дискусиите на одржаната работилница на
24–26 Јуни 2005

Правата на малцинствата биле предмет на истражување за разни институции, меѓународни организации и НВО-а. Мониторингот на нивната имплементација е обид кој сепак се уште е во почетна фаза, особено кога се доаѓа до системски пристап, земајќи ги во предвид понекогаш големите разлики на локално ниво во една држава и во еден регион.

Во Југоисточна Европа, мониторингот на правата на малцинствата досега беше вршена на два или пак најчесто три различни начина, имено преку Механизмот за Мониторинг за Рамковната Конвенција за Националните Малцинства на Советот на Европа, по пат на таканаречени “извештаи во сенка” кон постоечките извештаи на Советот на Европа, напишани од страна на цивилното општество и на крај преку механизмот за пристапување кон ЕУ, во форма на различни извештаи.

Иако овие механизми активно имаат потреба и се базирани на локален инпут и од владините институции , тие придонесуваат кон генералната слика и не ги предизвикуваат авторитетите на никое освен на централно, државно ниво. Искуството покажува дека голем број на проблеми поврзани со проблеми кои се донесуваат на малцинските прашања се генерираат и постојат на локално ниво, со тоа што на локалните авторитети често им недостигаат инструментите и знаењето соодветно да им пристапат. Дотолку повеќе, сите земји во Југоисточна Европа ја прифатија децентрализацијата како главен инструмент не само за дерогација на моќта кон локалното и регионланите нивоа, туку и да обезбедат поефективна граѓанска партиципација. За подоцнежното доста и се зборува, додека ги наоѓаме локалните влсти како најмногу делуваат во затворени средини и инпутут од страна на цивилното општество е често инцидентен и почесто заснован на лични односи одошто на тоа да е систематски и взаемно прифатен механизам.
Од друга страна, процесот на трансформација кон компатибилноста со Европската Унија ќе овозможи зајакнување на модернизацијата на локалната администрација. Од локалната самоуправа ќе се очекува да ја само-евалуираат својата работа за да можат соодветно да ги спроведуваат политиките и планирањето на ресурсите. Често, локалната администрација се наоѓа пренатрупана со оваа работа, што дополнително е отежнато со комплексот на лични релации и зависности кои се уште преовладуваат.

Цели на програмата
Засновано на искуства во Скандинавските земји и на модел развиен и аплициран во Германија за да ја следи ориентацијата на локалната администрација кон јавноста и граѓаните, оваа програма предлага методологија за мониторинг на реалната имплементација на малцинските права на локално ниво.

Зошто? Главното размислување позади предлогот за овој пристап е дека реалниот релевентен интерфејс за релацијата мнозинство-малцинство е локалното ниво. Иако во повеќето земји на Југо-Источна Европа постојат уставни решенија, а законодавството е на пат да биде комплетирано, со делумно воведување на регионални механизми за советување, сепак локалното ниво е тоа каде се случува секојдневна комуникација. Исто така токму на локално ниво може да се случи дефиницијата на малцинство да варира од таа на регионално и национално ниво.

Како што беше споменато претходно, локалните авторитети се најслабата алка во хиерархијата на државната моќ. Додека процесите на децентрализација имаат висок приоритет, локалната администрација често е оставена сама да се носи со задачите и одговорностите. Од друга страна, малцинските организации често ги формулираат своите барања во нејасна, теоретска рамка, што многу често го знаемарува реалниот капацитет и волја на локалната администрација да ги изполни овие барања.

Предложениот модел ќе биде корисен за двете страни. Ќе им даде можност на граѓаните и на нивните организации алатка за оценување на перформансот на локалната администрација, а истовремено и ќе предложи подобрувања во нивните политики, доддека во исто време можност за само-евалуација на локалните авторитети и начин за подобрување на нивниот капацитет за соодветен и отворен пристап кон прашања поставени од страна на граѓаните. Со оглед на тоа дека почетокот на процесот ќе биде заснован на високо ниво на консензус, и имплементацијата на моделот ќе повлече високо ниво на партиципација, и хоризонтално и вертикално, веројатно е дека резултатите ќе бидат признаени од страна на сите вклучени актери и ќе започне политички процес кој ќе се обраќа на реалните неисполнувања. Во тој случај, политика заснована на тема (прашање) ќе започне да преовладува над декларативниот стил, кој се уште е доста присутен. Така, често нагласуваниот принцип на граѓанска партиципација ќе мутира од фраза во практичен инструмент.

Оваа методологија предлага механизам, којшто ќе се повторува сам по себе, со што ќе се обезбеди континуација на процесот на проценка, (само)евалуација и имплементација. СЕ надева дека, еднаш штом се воспостави, овој метод може да стане вреден инструмент за придвижување на прашања поврзани со права на малцинства во навремена и вистинска насока. На крај, заради инклузивната природа и заради пристапот заснован на консензус и компромис, овој модел може да претставува механизам за превенција на конфликт сам по себе.

Предложена методологија
Како што беше споменато претходно, предложениот модел ќе биде цикличен, само-повтоувачки процес. Предложениот модел се состои од десет чекори, кои се надоградуваат едни над други во логична серија:

•  Избор на општински совет
•  Организација: воспоставување на програмска група
•  Само-евалуација на администрацијата
•  Истражувања на јавно мислење и инпут на граѓани
•  Преиспитување на капацитетите
•  Извештај за состојбата
•  Инпут од страна на независни актери
•  Извештај/предлог кон локалните авторитети
•  Евалуација на имплементацијата
•  Периодично повторување

 

Регионални програми/КАНЦЕЛАРИИ ВО ЈИЕ

Е-пошта Печати PDF

Албанија
http://www.fes.org.al

Босна и Херцеговина
http://www.fes-bih.com.ba/

Бугарија
http://www.fes.bg

Хрватска
http://www.fes.hr

Србија и Црна Гора
http://www.fes.org.yu/

Романија
http://www.fes.ro/

 



Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag


kastamonu escort kırklareli escort kırşehir escort kütahya escort maraş escort escortlari.co