istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home ЗА ФЕС

За ФЕС

Е-пошта Печати PDF

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА, МИРОТ И РАЗВОЈОТ
ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА ДА СТАНЕ ОПШТЕСТВЕНО ПРАВИЧНА
На повеќе од 100 локации ширум светот  

ПОЛИТИЧКА ЕДУКАЦИЈА
Целта на работата на ФЕС во областа на политичката едукација, е да им се овозможи и да се поттикнат граѓаните да учествуваат во граѓанското општество, во работничкото движење, како и активно да се вклучат во политичкиот процес.  
ФЕС нуди широк спектар на програми, кои имаат за цел учесниците да ги информираат, да им понудат квалификации и да ги ангажираат. Со овие програми ФЕС промовира и им овозможува на граѓаните да носат здрави и едуцирани политички одлуки со што се зајакнува општествената демократија.

Преку регионални форуми за дискусија, работилници и јавни дебати меѓу политичарите и граѓанското општество, ФЕС им овозможува на граѓаните поактивно и поефективно да учествуваат во демократските процеси, придонесувајќи кон оформување на општествените промени.  
Мрежата на ФЕС на образовни канцеларии и академии во Германија, посебни проекти, и конференциските центри во Бон и Берлин, нудат разновидни и широки програми кои се исто така достапни и на интернет.  

ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИИ НА ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ  
Една од главните цели на ФЕС е еднаков пристап до образованието. Од своето основање, Фондацијата има обезбедено стипендии кои денес годишно се даваат како поддршка на 2.700 додипломци, постдипломци и докторанти, како на германски така и  на странски кандидати. Стипендиската програма е насочена кон надарени млади луѓе кои во својот општествен ангажман ги следат заедничките социјалдемократски вредности. Програмата посветува посебно внимание на талентираните ученици од емигрантските средини, студенти кои припаѓаат на домаќинства со ниски приходи, и студенти кои во своите семејства се првата генерација што се запишува на факултет. Корисниците на стипендии имаат пристап до финансиска поддршка, до глобалната мрежа на ФЕС, како и можност за учество на семинари, работилници и менторство.

АРХИВ И БИБЛИОТЕКА  
Во архивот на социјалдемократијата и библиотеката се чува печатената и напечатената меморија на социјалдемократијата, синдикатите, и нивните клучни фигури. Библиотеката е една од најголемите академски специјализирани библиотеки во светот, со својата колекција на историски и современи документи на германски и меѓународни трудови и социјални движења. Многу публикации на ФЕС се достапни преку дигиталната библиотека. Архивот се грижи за една од најголемите збирки на необјавени материјали за социјалдемократијата и синдикатите во Германија и Европа, главно по 1945 година. Материјалот може да се пребарува преку дигиталниот архив.  
Преку организирање на настани и публикации, архивот поттикнува политички дискурс за да ја подигне свеста за историското и современото значење на социјалдемократијата и синдикалното движење.  

ПОЛИТИЧКИ КОНСАЛТИНГ
Функционалната демократија има потреба од поддршка од едуцирана јавна сфера и одржливи политички концепти. Преку анализа на клучните прашања и предизвици, ФЕС придонесува за поставување здрава основа за јавна дискусија во Германија и во целиот свет. ФЕС, исто така, обезбедува политички совети за политичарите и за синдикатите при нивните напори да изнајдат прифатливи политички решенија. Притоа, идеалите и вредностите на социјалдемократијата - слободата, правдата и солидарноста - остануваат наша примарна грижа.  

Преку разговори со експерти, работилници и конференции на регионално, национално, континентално и глобално ниво, ФЕС на исто место ги собира клучните фигури на политиката, синдикатите, академските институции, бизнисот и граѓанското општество со цел да се развие продлабочена дискусија околу политичките  прашања на денешницата. Политичкиот консалтинг на ФЕС – како врска помеѓу академските институции и политичката практика – им дозволува на политичките актери да донесуваат информирани и компетентни одлуки.

Без демократија не може да има слобода ... Заштитата на демократијата, да се врати таму каде што е нападната, тоа е должност на сите оние кои ја сакаат слободата.

Фридрих Еберт    

Анализите изготвени од експертите и научниците на ФЕС, како и оние нарачани од ФЕС, се многу барани. Овие анализи се објавени на многу наврати. Тие се дел од активностите за подобро разбирање на глобалната политичка агенда и поддршка на јавната дебата за иднината за политичките правци.

Овие изданија се достапни на интернет и се предмет на дискусија на разни настани.

Последно освежено на Петок, 20 Ноември 2015 08:11  

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag


kastamonu escort kırklareli escort kırşehir escort kütahya escort maraş escort escortlari.co