istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот
Home ЗА ФЕС Биографија на Friedrich Ebert
Биографија на Friedrich Ebert

За ФЕС/БИОГРАФИЈА НА FRIEDRICH EBERT

Е-пошта Печати PDF
Фридрих Еберт, роден во Хајделберг, во југоисточниот дел на Германија, станува активен во политиката и во синдикалното движење за време на неговите рани години во Бремен. Од 1905 година работи за Управниот одбор на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Берлин и станува пратеник во Федералниот парламент - Рајхстагот во 1912 година. Од 1916 година е еден од претседавачите на парламентарната група на СПД во Парламентот. Веќе во 1913, по смртта на Аугуст Бебел, е избран за Претседател на Социјалдемократската партија на Германија.

По успехот на револуцијата во 1918 година, тој е еден од членовите на револуционерната влада - „Совет на претставниците на народот”. Тој е силен противник на таканаречената „диктатура на пролетеријатот” и на системот насочен кон рускиот модел, па затоа ја поддржува парламентарната демократија и успева да поттикне избори за Вајмарското национално собрание, кое подоцна доведува тој да биде избран за прв претседател на Вајмарската Република на 11 февруари 1919 година.

За време на неговиот мандат тој стреми кон политички и општествен баланс меѓу работниците и буржоазијата и одбиената политика на класни борби, што самото по себе било контроверзно дури и во социјалните демократски кругови. Конечно, политичката десница е таа која го напаѓа со лажни обвинувања, напаѓајќи ја во неговата личност и младата Република и земајќи учество кон раната смрт на првиот демократски избран претседател на Германија.

Дури сега, во рамките на стабилна демократија, неговите политички дела ја наоѓаат должната почит над сите граници на политичките партии.
 


ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag