МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Печати


Целта на меѓународните активности на Фондацијата Фридрих-Еберт (ФЕС) е да се промовира демократијата и развојот, да се придонесе кон мирот и безбедноста, да работи кон тоа глобализацијата да стане општествено правична и да дава континуирана поддршка на развојот на Европската унија.  

Преку своите проекти во над 100 земји, ФЕС го поддржува градењето и јакнењето на граѓанското општество и јавните институции. Централно место во нејзината работа ја заземаат унапредувањето на демократијата и социјалната правда, економскиот и општествен развој, силни и слободни синдикати, како и застапувањето на човековите права и родовата еднаквост.  
МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА Е ПРЕМНОГУ ВАЖНА ЗА ДА ИМ БИДЕ ОСТАВЕНА САМО НА ВЛАДИТЕ.
Вили Бранд

Во последните години, ФЕС става значаен нагласок на глобалните и регионалните прашања. Посебно внимание се посветува на процесот на европската интеграција, европската добрососедска политика, на континуираниот развој на трансатлантските односи и зајакнувањето на системот на глобалното владеење. На светско ниво, ФЕС ги поддржува регионалните напори околу безбедносните прашања, еколошката одржливост, и социјалниот напредок.  

Преку својата мрежа на канцеларии и партнери во светот, ФЕС организира дебати и дискусии за актуелните политички и социјални проблеми и предизвици. Неговите партнери се состојат од политички партии, синдикати, НВО, тинк-тенкови, универзитети и државни институции.