istanbul escort pendik escort kartal escort Escort porno
 

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG - Office in Skopje

  • Зголеми го фонтот
  • Зададена големина на фонт
  • Намали го фонтот

Академија за млади истражувачи 2014

Е-пошта Печати PDF

Првата недела од април започна со работа втората генерација на Академијата за млади истражувачи во организација на  Фондацијата Фридрих Еберт –Скопје. Минатата година за прв пат беше реализиран проектот Академијата за млади истражувачи 2013 во соработка со Здружението Институт за развој на заедницата – Тетово, кој има за цел да обучи политички и општествено ангажирани млади луѓе  да спроведуваат методолошки истражувања на јавно мислење на одредени теми, со цел зајакнување на капацитетите на организациите во кои работат.

Повеќе...
 

Свеченост на доделување на Сертификати за шестата Политичката академија за социјална демократија 2013

Е-пошта Печати PDF

Од 2008 година, ФЕС Скопје заедно со своите партнери Прогрес - Институтот, Скопје и Меѓународниот центар Олоф Палме ја организираат Политичката академија за социјална демократија. Политичката академија е образовен проект дизајниран како академски курс и обука. Главната цел на Академијата е да се едуцираат и обучуваат поединци со социјал-демократска ориентација кои со своите секојдневни активности влијаат на формирањето на политичките одлуки и акции во Македонија. Исто како и претходната година, Политичката академија понуди и како теоретски знаења така и можност за развивање на практичните вештини во политичкиот систем, социјалдемократската идеологија и вредности, политичкиот и партискиот менаџмент, политичката комуникација и односите со јавноста.

Повеќе...
 

ФЕС Скопје ја поддржа серијата ТВ емисии "Евро зум" - интервјуа и дебати од Брисел објавени на НОВА ТВ (веб портал) од: Борјан Јовановски, независен новинар

Е-пошта Печати PDF

Како домашната така и странската стручна јавност со години ги констатира проблемите во медиумскиот простор во Македонија, укажувајќи на политичкото и економското влијание врз медиумите (што понатаму се одразува и врз уредувачката политика на медиумите и врз практиката на самоцензура на новинарите ), политичката, финансиската и економската зависност на Јавниот радиодифузен сервис и на Советот за радиодифузија, недоследната примена на законодавството за медиуми, државните реклами и кампањи како извор на приход за некои медиуми, огромните парични казни за клевета и навреда, итн. Постојат бројни проблеми наталожени во текот на последните 20 години, бидејќи институциите, но од друга страна и самите медиумски работници, не успеваа да се справат со нив на ефикасен начин. Медиумите продолжуваат да страдаат од тешки политички и економски влијанија кои се јавуваат во вид на  пристрасна уредувачка политика, влошување на професионалните стандарди, самоцензура на новинарите или ограничен пристап на јавноста до балансирано известување и широк спектар на гледишта. Низ целиот процес, Владата покажа цврста определба за донесување на закони, игнорирајќи ги критичките мислења и суштински предлози кои доаѓаат од меѓународната и домашната медиумска заедница. 

Главните цели се да ги презентираат и објаснат значењето и потребата на европските процеси на интеграција на земјата, но, исто така, да се иницира активна и релевантна дебата помеѓу граѓанскиот сектор, граѓаните и политичките претставници со цел да се подигне јавната свест за потребата од спроведување на  реформи во областа процесите на пристапување, како што се владеењето на правото, слободата на говорот, доброто владеење, бизнис средината, транспарентноста на институциите и др. Проектот овозможи следење на квалитетот на процесот на спроведување на реформите, што е најчувствителниот дел на процесот на интеграција, во целина. Во овој контекст, посебно внимание во овој проект ќе биде посветено на новата стратегија за проширување во Европската комисија која приоритет дава на потребата од спроведување на реформите.

Во продолжение, можете да најдете линкови до интервјуата и дебатите објавени во 2013 година.

Повеќе...
 

КОНКУРС за учесници на седмата Политичка академија за социјална демократија во 2014 (отворен до 16.02.2014)

Е-пошта Печати PDF

Фондација Фридрих Еберт - Скопје во соработка со Прогрес - Институт за социјална демократија и Олоф Палме Меѓународен центар распишуваат КОНКУРС за учесници на седмата Политичка академија за социјална демократија во 2014 година.

Официјален јазик на академијата е македонскиот.

Пријавата и останатите документи треба да се поднесат најдоцна до 16 февруари 2014 година нa е-маил:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  или по пошта на адреса:

Прогрес - Институт за социјална демократија,
ул. Варшавска 1, П.Фах 42, 1000 Скопје
(со назнака за Политичка академија)

ВЕ МОЛИМЕ БЕЗ ТЕЛЕФОНСКИ ЈАВУВАЊА!

Превземи го конкурсот тука:
Оглас
Пријава

 


Страница 12 од 18

ФРИДРИХ ЕБЕРТ ФОНДАЦИЈА 
Канцеларија Скопје

Нова адреса:
Ул. Борка Талевски 42/6

MK-1000 Скопје
П.Факс 423

+ 389 2 3093 181      
+ 389 2 3093 182      
contact@fes.org.mk


Меѓународна парламентарна стипендија на Германски Бундестаг

Bildergalerie Reichstag

Кој е присутен

Има 10 гости присутни