ОТВОРЕНИ ПОВИК за учество на 12-та Меѓународна младинска конференција

Вторник, 08 Јули 2014 22:39 FES
Печати

10486075 10201362086648897 3246551232120568191 n

ФЕС Скопје со својот партнер Младинскиот сојуз - Крушево имаат задоволство да го објават ОТВОРЕНИОТ ПОВИК за учество на 12-та Меѓународна младинска конференција ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ ЗА ИДНИНАТА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈИЕ која ќе се одржи од 25-29 септември, 2014 година (отворен до 15 септември)

Меѓународната младинска конференција "Европски вредности за иднината на земјите од ЈИЕ" е одговор на предизвикот. 55 учесници од Европа и Југоисточна Европа ќе допатуваат во Крушево за единаесетти пат за да дискутираат  за актуелни прашања и да истражуваат нови пристапи во политиката и работата на младите во Југоисточна Европа и во Европа во целина.

Ние силно веруваме дека вклучувањето на оние кои се засегнати од политиките кои се креираат  е од суштинско значење доколку се сака несаканите последици соодветно да се решат. Креирањето на политиките треба да се гледа како процес со младите луѓе, наместо за младите луѓе, доколку се сака да успее во обезбедување на решенија во поддршка на младите луѓе и ода даде одговор на нивните долгорочни потреби.

12-та Меѓународна младинска конференција "Европски вредности за иднината на земјите од ЈИЕ" се обидува да создаде нови перспективи за младите луѓе во ЈИЕ и Европа и едновремено, да придонесе кон создавање на Европа на граѓаните и европска перспектива за ЈИЕ преку длабоко разбирање на европските вредности меѓу младите луѓе.

Види повеќе на http://www.krusevoconference.org.mk/