Семинари за развој на капацитетите на советниците од локалните самоуправи “Децентрализацијата на власта и политики на локално ниво – побрз и одржлив економски развој”

Четврток, 30 Октомври 2014 00:00 FES
Печати

Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје во соработка со Прогрес Институтот за социјална демократија и Олоф Палме меѓународниот центар од Шведска во текот на месец октомври спроведе три семинари за развој на капацитетите на советниците од локалните самоуправи од цела Македонија. Обуките имаа регионален пристап и беа на тема “Децентрализацијата на власта и политики на локално ниво – побрз и одржлив економски развој”.

За време на семинарите се дискутираа и анализираа проблемите, потребите и приоритетите во областите на: локални финансии и буџет, комуналните услуги, урбанизам / локален и регионален развој и образованието. Имајќи на ум дека советниците се оние кои директно можат да влијаат во успешното спроведување на децентрализацијата на власта, учествуваат во процесот на имплементирање на бројните надлежности на општините и се предводници во решавањето на актуелните прашањата од значење за општините и во иднината на граѓаните, контролори на локаните власти да развиjат транспарентно и отчетно владеење, семинарите претставуваа и платформа на која се разменуваа искуства за политики за приближување и вклучување на граѓаните во активно мониторирање и учество во работата на општините се со цел да го поддржи и зголеми граѓанското учество во транспаренто и одговорно работење на единиците на локална самоуправа. 

View the embedded image gallery online at:
http://fes.org.mk/mk?view=article&catid=49%3Ahome&id=152%3Aseminars-for-capacity-building-of-councilors-from-the-local-self-government-decentralization-of-power-and-politics-at-the-local-level-faster-and-sustainable-economic-development&tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigProGalleria9c5291e318