Студиско патување „Граѓански активизам на младите“ во Берлин

Вторник, 11 Ноември 2014 08:19 FES
Печати

Во средината на јули 2014 година, Канцеларијата на германската Фондација „Фридрих Еберт”, Скопје, отвори повик за есеи до сите млади луѓе за да ги споделат своите: идеи, визии, добри практики, успешни приказни и други одговори на предизвиците и загриженоста, со кои денес нашето општество се соочува.

13-17 октомври 2014

Во средината на јули 2014 година, Канцеларијата на германската Фондација „Фридрих Еберт”, Скопје, отвори повик за есеи до сите млади луѓе за да ги споделат своите: идеи, визии, добри практики, успешни приказни и други одговори на предизвиците и загриженоста, со кои денес нашето општество се соочува.

Темата на која се пишуваа есеите беше: „Ова е нашата иднина – визии на младите“ (IT’S OUR FUTURE – VISIONS OF THE YOUTH).

Нашата идеја како организатори на отворениот повик беше есеите да бидат прогресивни, да гледаат кон иднината, да бидат мотивациски и конструктивни, засновани врз лични позитивни искуства, конкретна идеја за акција, или да имаат апстрактна нишка. Сакавме да осознаеме кои се размислувањата и искуствата на младите луѓе во Република Македонија, колку преку секојдневните постапки и акции градат мостови за инклузивност на сите различности, колку се подготвени да учествуваат и отвораат дијалог на теми и прашања кои ги тангираат подеднакво сите млади луѓе, без оглед на нивната етничка, религиска или партиска припадност и, на крајот, колку се општествено одговорни и зрели активно да се вклучат во создавањето на држава на толерантни граѓани, со европски перспективи.

На повикот се јавија голем број млади кои испратија есеи на една од следниве теми:

- Младите во Македонија како активни и општествено одговорни граѓани: истражување на нови пристапи во младинскиот активизам;

- Создавање инклузивно општество: градење мостови за демократски промени, толеранција, дијалог и мултикултурна коегзистенција;

- Нови перспективи за Македонија: создавање држава на граѓани со европски перспективи и разбирање на европските вредности.

Посетата беше реализирана од 13-17 октомври 2014 година. Ова патување вклучуваше: состаноци, дискусии и размена на искуства за младите и граѓанскиот активизам, како и посети на политички институции и разговори со актуелни политичари. Искрено се надеваме дека овие млади луѓе ќе ги пренесат стекнатите искуства и дека ќе влијаат во сопствените средини со нови визии и програми за подобро утре. 

View the embedded image gallery online at:
http://fes.org.mk/mk?view=article&catid=49%3Ahome&id=153%3Astudy-tour-qcivic-activism-of-young-peopleq-in-berlin&tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigProGalleria342890a03f