Jавната дебата на тема “ПОРТРЕТИРАЊЕ НА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ: РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ – КЛИШЕ, ТРАДИЦИЈА ИЛИ ДЕМОКРАТСКО ПРАВО?“

Четврток, 27 Ноември 2014 12:45 FES
Печати

Фондацијата “Фридрих Еберт” канцеларија Скопје во соработка со Јавност – Центарот за нови политики и слобода на медиумите на 27 ноември 2014 година ја организираше јавната дебата на тема “ПОРТРЕТИРАЊЕ НА ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ: РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ – КЛИШЕ, ТРАДИЦИЈА ИЛИ ДЕМОКРАТСКО ПРАВО?“ која се одржа во Клуб на новинари, Скопје.   

1510024 807403372639355 199175969228214715 n

Во рамките на дебатата ја промовиравме и анализата на истата тема “Портретирање на жената во македонските медиуми: родова еднаквост - клише, традиција или демократско право? од авторите Никица Корубин, Бранко Тричковски и Љубомир Костовски.

Во име на авторите г-ѓа Корубин се осврна на прашањето на претставувањето на жените во македонските медиуми, кое не е никаков исклучок од општото правило на „упростување“ на севкупните општествени односи. И не само што не е исклучок, туку преку една анализа на ова прашање може лесно и недвојбено да се одреди круцијалната улога на медиумите во создавањето „пожелна“ слика за сите општествени, а особено за родовите улоги.

View the embedded image gallery online at:
http://fes.org.mk/mk?view=article&catid=49%3Ahome&id=154%3A2015-01-15-12-54-39&tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigProGalleriaa67253572e

Свое видување за состојбите и придонес кон дебатата дадоа и гостите-говорници: Јасмина Аневска, новинар и член на одборот на ССНМ (Самостоен синдикат на новинари и медумски работници, Столе Наумов, поранешен член во Советот за радиодифузија, Савка Тодоровска, Национален совет за родова еднаквост. Нивните осврти беа во насока на иницирање на дополнителни тези и прашања околу нагласување на потребата да се престане со родово стереотипизирање. За родова свесност и сензибилност потребно е да се работи на едукацијата на медиумските професионалци и да се влијае на уредувачката политика на медиумите. Не може да се очекува медиумите да бидат субститут за нефункционалноста на системот подеднаква улога имаат и семејството, граѓанските асоцијации, власта и политичките партии.

Погледнете ја публикација тука