Јавна дебата „Како да се зголеми транспарентноста во трошењето на народните пари?“

Петок, 26 Декември 2014 13:24 FES
Печати

Дебатата „Како да се зголеми транспарентноста во трошењето на народните пари?“ се одржа на 26 ноември 2014 и беше во организација на Институтот за социјална демократија “Прогрес“, Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Меѓународниот Центар Олоф Палме.

Дебатата „Како да се зголеми транспарентноста во трошењето на народните пари?“ се одржа на 26 ноември 2014 и беше во организација на Институтот за социјална демократија “Прогрес“, Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Меѓународниот Центар Олоф Палме.

View the embedded image gallery online at:
http://fes.org.mk/mk?view=article&catid=49%3Ahome&id=155%3Apublic-debate-qhow-to-increase-transparency-in-spending-public-moneyq&tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigProGalleria2bcdd2ed69

Нешто помалку од два милиона даночни обврзници, секојдневно ја полнат касата преку плаќање даноци, придонеси итн, па и казни, како многу издашен извор во последно време. Колку институциите кои располагаат со парите што не се нивни, туку им се доверени од граѓаните, се одговорни домаќини. Владите немаат свои пари, има само пари на даночните обврзници, но и покрај тоа само 3,3 отсто од државните институции во земјава на своите веб страници го имаат објавено тековниот буџет како и трошоците кои ги имале во текот на годината. Останатите институции уште стојат на податоците од 2013-та година, а најголемиот дел од нив немаат објавено ни тековен стратешки план за работа.

Трошењето на народните пари кај нас е апсолутно нетранспарентно иако 20 години наназад се учи што е да се биде транспарентен и одговорен, сметаат експертите.

Според д-р Слаѓана Тасева, претседателка на организацијата „Транспаренси Интернешнал“ преку ваквите механизми власта изнаоѓа начини како да оди преку помали набавки и помал обем за помалку да биде обврзана да дава отчет за своите постапки на јавноста "Мојот заклучок е дека правиме се за да имаме закони кои ќе дадат првиди дека се прави нешто во обезбедување на транспарентноста и одговорноста во трошењето на јавните пари,а од друга страна се прави се за да се одбегнуваат обврските за одговорноста и отчетност.Тука лежи најголемата можност за злоупотреба на јавните пари. Барањето да се избегне да се даде отчет значи дека сака нешто да се сокрие и тука лежи најголемиот ризик од корупција" рече Тасева на денешната дебата посветена на прашањето за транспарентноста на власта.

Според достапноста на информациите спомениците и зградите се први на списокот како трошок на државата. Професорот Ванчо Узунов смета дека се додека граѓаните не побараат отчет од власта за тоа како ги троши нивните пари, таа самата никојгаш нема да го направи тоа. "Овој проблем може да се реши тогаш кога ќе постои политичка волја. Ако нема политичка волја ние можеме да носиме закони или проекти кампањи се е тоа бадијала шминка, се додека на крај нема стварно волја политичарите да ги објавуваат податоците и транспаретно да работат. Тука има добра новост дека и во Македонија го прават тоа што граѓаните стварно го бараат од нив. Целата основа за задачата и за овој проблем на нетранспаретноста се сведува на тоа како да се поигне волјата на граѓаните да го побараат тоа. Ако го побараат тоа, дефинитивно потоа за решавање на проблемот" изјави Ванчо Узунов.

Експертите сметаат дека неопходна е демократска контрола врз власта се со цел јавните пари да се наменат за подобар живот на граѓаните. Граѓаните имаат право да знаат, а власта мора да ги информира бидејќи тоа и е обврска од моментот кога прифатила да ја извршува власта.

На дебатата беа поканети и претставници од Советот за јавни набавки и Државниот завод за ревизија, но не одговорија на поканата.