К О Н К У Р С за учесници/чки на Школа за женски активизам

Четврток, 19 Февруари 2015 12:14 FES
Печати

Фондација Фридрих Еберт - Скопје во соработка со Прогрес - Институт за социјална демократија и Олоф Палме Меѓународен центар распишуваат

К О Н К У Р С за учесници/чки на Школа за женски активизам (краен рок за апликација на 1март 2015 година)

 

Школата за женски активизам е образовен проект дизајниран како академски курс и тренинг. Главна задача на Школата е да му помогне на Форумот на жени на СДСМ во неговите напори да развие и воспостави минумум стандарди за родова еднаквост и интеграција на жената во политичките одлуки и акции во партијата.

 

Школата за женски активизам ќе им овозможи на учесниците/чките како теоретско знаење така и практичен тренинг во насока на подобро разбирање на родовите аспекти, но и ќе го продлабочи нивното знаење за конкретни родови прашања кои се однесуваат на учеството на жената во политиката. Преку активностите на Школата, учесниците/чките ќе се сензибилизираат за теми од областа на родовата еднаквост и родовата интеграција, родовото насилство и дискриминација, зајакнувањето на жената, родово анализирање и буџетирање, како и низа други прашања кои директно се однесуваат на родовата димензија.

 

Повеќе тука