Експертска дискусија “Дали македонското образование се вклопува во стратегијата Европа 2020?”

Четврток, 02 Јули 2015 10:55 FES
Печати

Фондацијата “Фридрих Еберт”, канцеларија Скопје и Прогрес – Институтот за социјална демократија на 2 јули 2015 година организираа експертската дискусија на тема “Дали македонското образование се вклопува во стратегијата Европа 2020?” со Петра Камереверт, пратеничкa во Европскиот парламент, членка на Комисијата за култура и образование.

На дискусијата пратеничката Камереверт, пратеничка се осврна на стратегијата Европа 2020, особено на делот на перформансите на образовните системи на земјите во ЕУ, предизвиците на европсксото високо образование, како и очекувањата од земјите кандидатки од Западниот Балкан. Останатите учесници претставници од образовни институции, цивилниот сектор и пленумите, имаа можност да ги презентираат моменталните состојби, образовните политики и владините реформи во сферата на образованието во Република Македонија, да разменат искуства и да ги посочат сопствените гледишта и ставови за многубројните законски измени.

View the embedded image gallery online at:
http://fes.org.mk/mk?view=article&catid=49%3Ahome&id=163%3Aexpert-debate-qdoes-macedonian-education-fit-in-with-the-europe-2020-strategyq&tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigProGalleria1cc8699db0