Форум “Економско зајакнување како алатка за унапредување на родовата еднаквост во Македонија”

Среда, 23 Септември 2015 22:10 FES
Печати

fesag-1

Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје во соработка со Платформата за родова еднаквост организираа Форум “Економско зајакнување како алатка за унапредување на родовата еднаквост во Македонија”. Промовирање на економското зајакнување на жените се препознава како клучен фактор кој ја подобрува родовата еднаквост и поради тоа, важно е да се разменат различните искуства, и да се увидат можностите преку кои граѓанското општество може да делува во насока на унапредување на родовата еднаквост.

fesag-2

Граѓанските организации има можност да ги претстават горливите прашања кои ја засегаат родовата еднаквост, како и различни пристапи за подобрување на економското јакнење на жените. Се надеваме дека настанот овозможи плодна дискусија помеѓу засегнатите страни и послужи како форум за дискутирање на приоритетите за економското зајакнување на жените.

fesag-3

Во рамките на настанот Платформата за родова еднаквост ја промовираше својата Економска програма – Зајакнување на економската позиција на жените во Република Македонија. Ниската вработеност на жените во Македонија е проблем за кој повеќе се зборува меѓу граѓаните отколку во рамки на јавните дебати и јавните политики. За жал, и тогаш кога државните политики го третираат прашањето за положбата на жените на пазарот на труд тоа не е сеопфатно. Имено, ниска активност на женитете најчесто се објаснуваа единствено преку традиционалните норми кои ги определуваат родовите улоги во општеството. Мал број на истражувања и студии на јавните политики во земјата се посветени на откривање и утврдување на клучните факторите кои придонесуваат за одржување (или влошување) на status quo состојбата на жените во севкупните социо-економски односи во општеството. Овој документ, сака да ја надополни таа празнина, и да даде слика за клучните фактори кои влијаат негативно на родовата еднаквост и економската положба на жените. Документот е проследен до сите релевантни државни и граѓански институции. Погледнете го документот тука.

Погледнете ја и програмата на настанот тука.